На вториот ден од воените вежби, Кина симулираше напад врз Тајван

April 9, 2023
1 min read

Тајванското министерство за одбрана извести дека во текот на овие два дена, во Тајванскиот теснец биле забележани 58 кинески авиони и девет воени бродови

Кинеската државна телевизија објави дека патролите и вежбите за инспекција на борбена готовност околу Тајван ќе продолжат и утре, а денешните вежби имале за цел да симулираат заеднички прецизни напади врз клучни цели на островот Тајван и во околните морски области. Тајвански безбедносни извори за Ројтерс велат дека покрај симулацијата за напад на островот, кинеската армија вежбала и симулирани напади врз борбени групи на носачи на авиони, како и вежби за војување против подморници.

Инаку, кинески воени бродови вчера почнаа со вежби со боева муниција како дел од тридневната воена вежба која Кина ја нарекува „предупредување“ за протајванските сили за независност.

Овие вежби започнаа само неколку часа откако претседателката на Тајван, Цаин Инг-вен, се врати од патувањето во САД, каде што таа имаше состанок со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти, во Калифорнија. Оваа посета кинеските власти ја нарекоа провокација и уште еднаш истакнаа дека Тајван е нераскинлив дел од Кина

„Овие операции служат како строго предупредување против дослух меѓу сепаратистичките сили кои бараат ‘независност на Тајван’ и надворешните сили и против нивните провокативни активности. Тие се неопходни за да се зачува националниот суверенитет и територијалниот интегритет на Кина“,

стои во соопштението од Пекинг.

Тридневната операција под името „Обединет остар меч“ ќе трае до понеделник, а додека траат вежбите ќе бидат организирани и патроли кои ќе напредуваат околу Тајван.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наскоро започнуваат градежни активности на просторот на поранешната фабрика „Треска“, инвеститорите треба да изградат градинка

Следно

Франција: Во Марсеј се урна зграда, пожарот ги отежнува спасувачките операции

Latest from Blog

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија.
Go toTop