На вториот ден од прекинот на огнот израелската армија ги предупреди либанските цивили да не влегуваат во 10 јужни села

November 28, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија денес ги предупреди либанските цивили да не се приближуваат до 10 села во Јужен Либан, каде постигнатиот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Либан влегува во втор ден, јавува Анадолу.

Во соопштението портпаролот на израелската армија Авичај Адрае ги наведе имињата на селата на арапски јазик, предупредувајќи ги цивилите да не се враќаат во нив „до понатамошно известување“.

Во својата порака на социјалната мрежа X тој приложи мапа на која се прикажани селата што се забранети, меѓу кои се и селата Шеба, Хебарија, Марџаајун, Јохмор, Бараахит и други.

Адрае предупреди дека „секој што ќе ја премине линијата се става во опасност“.

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан стапи на сила вчера изутрина за да стави крај на над 14-месечните борби меѓу израелската армија и Хезболах.

Според условите за прекин на огнот, Израел постепено ќе ги повлече своите сили јужно од Сината линија, а либанската армија ќе ги распореди своите сили во Јужен Либан во период што не надминува 60 дена.

Спроведувањето на договорот ќе го надгледуваат САД и Франција. Сепак, деталите за механизмите за спроведување остануваат нејасни.

Според либанските здравствени власти, во израелските напади врз Либан се убиени повеќе од 3.800 луѓе и над еден милион се раселени од октомври минатата година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Следно

Ф1 го продолжи договорот за Големата награда на Италија во Монца до 2031 година

Latest from Blog

Од 7 до 9 мај: Прво издание на Вински фестивал Битола на платото пред Офицерски дом

Битола, 4.05.2026 – Битола добива нова мајска фестивалска приказна, во која виното, музиката и градското дружење ќе се спојат на едно од најпрепознатливите места во градот, платото пред Офицерски дом. Од 7 до

Монстер трак се заби во толпа во Колумбија: Тројца мртви, 38 повредени (ВИДЕО)

Полицијата верува дека сопирачките на возилото откажале за време на претставата што се одржа вчера во градот Попајан во регионот Каука. Снимките од инцидентот покажуваат луѓе како бегаат додека возилото се удира
Go toTop