На саемот IDEF 2025 прикажани турските домашно произведени одбранбени возила

July 22, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – На Меѓународниот саем за одбранбена индустрија (IDEF) 2025, што се одржува во Истанбул, беше одржана воена парада на која учествуваа бројни домашно произведени одбранбени воздушни, копнени и поморски возила, јавува Анадолу.

На парадата беа презентирани првиот турски суперсоничен борбен авион „Хурџет“ и турскиот авион од следната генерација за пробно летање „Хуркуш“.

Двата модела изведоа демонстративни летови.

На саемот исто така беше презентирано едно од истакнатите турски беспилотни борбени летала „Бајрактар Акинџи“, како и голем број копнени возила.

Посетителите имаа можност да ги видат и турските воени бродови „ТЦГ Анадолу“ и „ТЦГ Истанбул“, кои претставуваат значаен исчекор во турската воена флота.

Во Истанбул денес беше отворен 17. Меѓународен саем за одбранбена индустрија (IDEF 2025).

Домаќин на 17. Меѓународен саем за одбранбена индустрија (IDEF 2025), што се одржува во Истанбулскиот изложбен центар (IFM), е Министерството за национална одбрана на Турција, а организатор на настанот е „KFA Fair Organization Inc.“, а се спроведува со поддршка на турското Претседателство на одбранбените индустрии, под управување и одговорност на Фондацијата за зајакнување на Турските вооружени сили.

Оваа година министри и повеќе од 120 заменици-министри, началници на генералштабови, команданти на сили и други шефови на делегации од 33 земји ќе присуствуваат на настанот, за кој Агенција Анадолу (AA) е „глобален комуникациски партнер“.

На IDEF 2025 ќе има штандови од 44 земји, а повеќе од 400 меѓународни компании ќе ги претстават своите производи.

Саемот ќе трае до 27 јули.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бошковска: Убаво е што сум повторно дел од екипата

Следно

Засилени сообраќајни и инспекциски контроли низ туристичките центри

Latest from Blog

Проданоски: Општина Прилеп ќе продолжи да ги поддржува младите и хуманите активности

Во Прилеп денеска се одржа Регионалниот натпревар по прва помош (Регион 1), во организација на Црвениот крст, настан кој ја истакна важноста на хуманоста, солидарноста и подготвеноста за помош во критични ситуации.

Димитриеска-Кочоска: Геополитичката нестабилност бара постојана адаптација на економските политики

Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност. Ова го

Димитровски: Битола добива нова инфраструктура и модерни спортски капацитети

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, истакна дека во првите шест месеци од новиот мандат на градоначалникот Тони Коњановски, општината се фокусирала на реализација на ветените проекти, за кои била обезбедена значителна
Go toTop