Бошковска: Убаво е што сум повторно дел од екипата

July 22, 2025
1 min read

Селекторот на женската одбојкарска репрезентација на Македонија Стефан Пауновиќ за претстојните евро квалификации ќе може да смета на Мери Бошковска. Таа поради повреда не беше дел од натпреварите кои се играа на почетокот од летото во рамки на Европската Сребрена лига.

-Се чувстувам подобро, а последните 15 дена сум со репрезентацијата. Повредата ја санирав, поминав и со физикални терапии и индивидуални вежби за зацврстување на зглобот. Се надевам дека комплетно ќе се вратам во ритам. Убаво е што сум пак дел од екипата. По оваа повреда почувствував колку е тешко кога сакаш, а не можеш да и помогнеш на екипата! Се надевам дека со моето враќање ќе придонесам во тимот, објаснува коректорката Мери Бошковска.

Натпреварите со Грција и Австрија не можат да сменат ништо за Македонија во циклусот за ЕуроВолеј 2026, но можат да бидат нова потврда за тоа дека екипата расте од акција во акција.

-Вистина е дека немаме резултатски притисок во дуелите со Грција и Австрија, но остануваме мотивирани да дадеме максимум и да понудиме добра игра особено пред домашната публика, додаде Бошковска.

Македонија на 3.август на домашен терен во Скопје (СЦ Борис Трајковски) игра против Грција, а на 9.август и гостува на Австрија. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Се чинеше дека кошмарот не може да биде полош, сепак тоа се случува“, истакна шефот за човекови права на ОН за Газа

Следно

На саемот IDEF 2025 прикажани турските домашно произведени одбранбени возила

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop