На парламентарните избори се основале онлајн портали за да искористат државни пари, иако немале никаква врска со медиумите

January 27, 2025
2 mins read

Во онлајн просторот се формирале многу организации кои немале врска со медиумите, а кои искористиле пари од државата, кои потоа биле злоупотребени, рече е експертот за финансирање на избори Сем Пауер, на денешниот брифинг во рамки на проектот „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“ во организација на Метаморфозис Фондација и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). 

„Кога разговаравме со заинтересираните страни, тие рекоа дека многу веројатно државните средства се злоупотребуваат од политички претприемачи. Што прават тие? Ќе отворат портал на интернет, ќе земат пари од државата и потоа нема никакво учество во политичкиот систем“, рече Пауер.

Пауер посочи дека во веќе подготвениот извештај се препорачува затегнување на правилата за распределувањето на јавните финансии за време на изборните кампањи.

„Првата препорака се однесува на критериумите за доделување средства да бидат во согласност со европската норма, да зависат од бројот на гласови и усвоени во Собранието. Втората препорака е методологијата како се доделуваат средствата да биде транспарентна и да формира тело кое ќе биде надлежно да го следи доделувањето на средствата. Трета препорака се однесува на тоа да им се овозможи на помалите партии поголем простор за да можат повеќе да се презентираат пред гласачите. Друг дел од нашиот проект е да се разгледаат начините на кои јавните пари може да се искористат во рамки на родовата и социјалната инклузија на поефективен начин. Се повеќе земји, вклучително и во Западен Балкан, ги користат јавните средства за да ја подобрат родова застапеност во политичките партии и медиумите, рече Пауер.

Пауер потенцира дека поради говор на омраза во текот на изборните кампањи неопходни се измени на Изборниот закон за да се спречи говорот на омраза.  

„Имавме еден тим кој конкретно работеше на истражување посветено на говорот на омраза и социјална инклузија и тие препорачаа измени во Изборниот законик со цел да се забрани секој говор на омраза на тие портали што се финансирани со јавни средства, но и пошироко во онлајн рекламирањето и кампањите“, рече Пауер.

Според наодите од спроведениот мониторинг кај онлајн медиумите, 150 од онлајн порталите или околу 60 проценти публикувале платено политичко рекламирање. Во однос на онлајн рекламирањето за време на парламентарните избори, бројките покажуваат дека се потрошени 811 илјади евра јавни пари.  

Од податоците од Мониторингот на покривањето на парламентарните избори во 2024 година на информативните интернет портали во Македонија спроведено од Фондацијата Метаморфозис се посочува дека политичките партии ги користат јавните субвенции наменети за рекламирање во кампања за да ги прераспределат на медиуми со позитивна уредувачка политика за нивните кампањи, првенствено според обемот на покриеност и тонот на известување.

„Поради тоа, информативните интернет портали (ИИП) проактивно се мотивирани попозитивно да известуваат за да воспостават поблиски релации со учесниците во изборите. Медиумите кои известуваат позитивно за кампањата и кандидатите генерално се вклучени во листата на приматели на средства од конкретните партии. ИИП со критичка уредувачка политика кон одредени партии или коалиции, беа видливо отсутни од партиските листи за ИИП кои објавуваат политичко рекламирање. Изборот на медиуми за рекламните банери во голема мера беше предодреден од политичкото расудување, отколку од логиката за политички маркетинг за да се зголеми онлајн видливоста на учесниците во изборите и да се допре до поголем број на потенцијални гласачи. Исто така, очигледно е дека помеѓу ИИП кои имале рекламен простор нарачан само од една од двете партии, најбројни се оние ИИП во кои ВМРО-ДПМНЕ нарачале рекламни банери. Слична е состојбата и во однос на споредбата меѓу двете водечки коалиции во албанскиот политички блок – ДУИ и ВЛЕН/ВРЕДИ, каде што се очигледни истите практики да се купи рекламен простор на ИИП првенствено или исклучиво од едната или другата коалиција“, се посочува во мониторингот.

Како што се потенцира во анализата на Метаморфозис, јазичната бариера е значително отсликана во прикажувањето на рекламните банери, бидејќи повеќето партии се фокусирале да допрат до гласачите на нивниот мајчин јазик, македонски или албански. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ објавиле најголем број рекламни банери во медиумите на македонски јазик и само во пет медиуми на албански јазик (ВМРО ДПМНЕ во 5, а СДСМ во 2), додека партиите од албанскиот блок, ДУИ и Влен објавиле рекламни банери во еден (1) медиум на македонски јазик.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Во Србија денеска 24 часовен штрајк на учениците и студентите

Следно

Именување на улиците во Тетово – реагира Филипче, Касами бара процесот да не се политизира

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

По повод 5 Ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска прими претставници на Ромите: средношколци од Скопје, медиумски и просветни работници, како и поети. Соговорниците постигнаа консензус за потребата

Околу српскиот парламент распоредени полициски сили: Собири на приврзаници на власта и поддржувачи на мајка која штрајкува со глад (ВИДЕО)

Поддржувачи на српските власти се собираат попладнево во близина на српскиот парламент и во Пионирски парк, место што спроти Собранието, а се одделени со ограда и голем кордон полиција во опрема за

Од дијалог до акција: Западен Балкан со заложба за унапредување на квалитетот на образованието

Во Скопје денеска се одржал регионален стратешки дијалог „Од податоци кон дејствување: Креирање заеднички решенија за квалитетно образование во Западен Балкан“, организиран од УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија во соработка со

Коњановски: Инвестиција од над милион долари за модернизација на противпожарната служба во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети новиот објект на противпожарната станица во АРМ заедно со секретарот на општината Борче Димитровски, претседателот на советот Бојан Бојкоски и раководителот на ЛЕР
Go toTop