На Комисијата за именувања Предлог-одлуката за именување на членови на Советот на АВМУ

January 29, 2025
1 min read

Два и пол месеци по јавната расправа, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за денеска во 13 часот ја закажа седницата на која треба да се утврди листата на кандидати за членови на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На јавниот конкурс за член на Советот беа пријавени 31 кандидат, но еден кандидат ја повлече кандидатурата. Пријавените кандидати ќе се борат за седум места во Советот на АВМУ. Од 30-те пријавени кандидати, Комисијата изгласа дека 24 ги исполнуваат условите, а шест не ги исполнуваат условите, затоа што не доставиле уверение за државјанство, кое било еден од условите.

Условите за член на АВМУ ги исполнуваат Сашо Стефановски, Нафије Селмани, Драгица Љубеска, Миле Бошњаковски, Петар Џуровски, Емилија Петреска Камењарова, Шабан Даљипи, Андријана Скерлев Чакар, Лазо Петрушевски, Зоран Фиданоски, Арбен Саити, Емилија Јаневска, Давор Башоски, Даут Даути, Гордана Мајнова, Виктор Павловски, Владимир Ѓорѓиевски, Елена Стојковска, Зеријета Хајро Јајага, Цветанка Миновска, Виктор Грозданов, Стојанче Наумов, Афрона Верзиволи и Борис Арсов.

Членовите се бираат со двотретинско и со Бадентерово мнозинство во Комисијата и од Собранието.

На дневен ред на оваа седница се и Утврдувањето Предлог – одлука за објавување јавен оглас за именување претседател и членови на Државна комисија за жалби по јавни набавки и Утврдувањето Предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието ќе одржи две пленарни седници

Следно

Променливо облачно време, претпладне по котлините магливо

Latest from Blog

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад

ФИЈАСКО НА ПРОТЕСТОТ НА ДУИ – Наместо илјадници, во Тетово се собраа околу 200 до 300 лица

Партијата протестира против одлуката поврзана со промената на имињата на улиците, собирот помина мирно и без инциденти. Во Тетово денеска се одржа протестен марш во организација на ДУИ, поради одлуката поврзана со
Go toTop