На извршителите не им одговара новиот закон – со 10.7% реализација на барањата, заработиле 4 милиони евра на грбот на граѓаните

August 19, 2023
1 min read

реклама



Со само 10.7% реализација на барањата за извршување, извршителите оствариле вртоглави заработувачки од околу 4 милиони евра. Според анализите на порталот пари.мк за услугата “наплата на долгови“, извршителите фактурирале околу 10 милиони евра од кои 4 милиони биле чиста заработка за нив.

На чело на листата, според годишните извештаи, е скопската извршителка Весна Деловска, која има чиста добивка од 150.000 евра. Воедно, таа има примено најголем број – 8.960 извршни барања во 2022 година, а од нив реализирала само 190. Следи битолчанката Николина Иванова, со околу 140.000 евра добивка. Таа во периодот од 1 јануари до 31 декември минатата година имала 1.693 барања за извршувања, од нив реализирала 383.На третото место е Премтим Ќерими од Куманово. Профит од 127.000 евра му донела реализацијата на вкупно 517 извршни барања во 2022 година. Четврта на листата е Катерина Кокина со профит од 124.000 евра која од 3.587 барања за извршувања, реализирала 819. Петорката се заокружува со Гордана Џутеска од Струга и добивката од 119.000 илјади евра. Таа примила 2.142 бaрања за извршување, од нив реализирала 395.

реклама

Марјан Ристевски, активист за измени на работата на извршителите, вели дека малиот број реализирани предмети наспроти барањата, се прави намерно од страна на извршителите бидејќи нивната заработка е секако задоволителна, а колку повеќе се доцни толку повеќе плаќаат граѓаните. Тоа е и причината како што вели Ристевски, зошто тие го оспоруваат новиот закон.

Според новиот закон, предметите за извршување застаруваат за 5 години а каматата не смее да го надминува главниот долг.

реклама

Инаку, според анализите жените извршители се поуспешни, меѓу 10 најдобри извршители според заработката, само еден е машко.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Полицијата на ТРСК: Повредени осум полицајци во судир со мировните сили на ОН

Следно

ПСЖ ќе има француско напаѓачко трио

Latest from Blog

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се
Go toTop