Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во интервјуто за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, говореше и за претстојните избори претседателски и парламетарни и истакна дека во државата ќе има редовни избори, после 17 години.

На претседателските избори на 24 април победник ќе биде претседателскиот кандидат предложен од СДСМ и коалицијата која што се залага за европска интеграција на  Македонија. На парламентарните избори на 8 мај на вториот круг на претседателски избори победник ќе бидат и претседателот предложен од СДСМ и коалицијата предводена од СДСМ и јас повторно ќе бидам мандатар. И тоа ќе бидат и претседател на Република  Македонија и Влада со кои што Република Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ – рече Ковачевски.

Јас ви кажувам дека во следниот мандат ќе биде влезот во ЕУ, до 2028та година, додаде тој.

Претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски подвлече дека верува во остварување на зацртаните цели и работи тие да се остварат.

Минатата година постојано ме прашуваа дали ќе добиеме преговарачка рамка и сите беа скептици дека ќе добиеме. Јас велев дека верувам во остварување на целта и направив таа цел да се оствари. И ние добивме преговарачка рамка. Направивме успешен скрининг процес кој што завршува, дополнително идната недела е Европскиот совет. Заклучоците на Европскиот совет ќе бидат дека  Македонија направи успешен скрининг и останува да ги направи уставните измени кои се обврска во преговарачката рамка и да продолжиме со отварањето на поглавјето – рече Ковачевски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.