На Халкидики убиен македонски бизнисмен

July 15, 2023
1 min read

Во грчките медиуми има различни верзии за инцидентот. Според едни, двајца маскирани напаѓачи влегле во апартманот каде престојувале двајца македонски државјани и почнале да пукаат кон нив, а според други тие биле пресретнати во хотел во Ханиоти

Заедничко во сите информации кои доаѓаат од Грција е дека едно лице е убиено, а друго со сериозни повреди е пренесено во болница. Се наведува дека убијците дошле и заминале со моторцикл.

Во убиениот 39 годишник кој, според информациите на грчките медиуми бил сопственик на казино, биле испукани повеќе куршуми. Тој најверојатно бил придружуван од женско лице кое е пренесено во болницата во градот Полигирос.

На местото на нападот полициските екипи пронашле повеќе од 20 чаури. Тамошните медиуми веќе го употребуваат терминот „егзекуција“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Со повисоките даноци власта на сметка на граѓаните и успешните и дисциплинирани компании ќе го полни буџетот, кој после безмилосно ќе го троши и краде“

Следно

Издадени наредби за испитување на несреќата во Шипковица во која загинаа двајца работници

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop