„Со повисоките даноци власта на сметка на граѓаните и успешните и дисциплинирани компании ќе го полни буџетот, кој после безмилосно ќе го троши и краде“

July 15, 2023
1 min read

Власта на СДС и ДУИ шверцерски подготвува три законски измени со кои предвидува зголемување на постоечки даноци или воведување на нови. Ниту се консултира бизнис заедницата, ниту експертите, ниту има јавна и стручна расправа. Даночните реформи ад хок не ги прават заради некаква социјана политика, туку едноставно бараат начини да го полнат буџетот кој после безмилисно го трошат за луксузи, лични богатења и криминал. Впрочем тие и онака трошат рекордни буџети, односно за 7 години потрошиле околу 30 милијарди евра, а граѓаните од тоа не видоа апсолутно никаква корист, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со трите законски измени се предвидува дуплирање на ДДВ за околу 4000 прехрамбени производи, измени на данокот на добивка и воведување на нов тн „солидарен данок“.

Товарење на стопанството без да се обезбеди фер бизнис клима и услови е погубно за економијата. Власта наместо да се бори со сивата економија и да се обидува да го зголемува на тој начин приходот, тие удираат по граѓаните и оној дел од стопанството кој е успешен и дисциплиниран во плаќањето. Според логиката на власта оној кој не плаќа даноци ќе продолжи да не плаќа, а нив ќе ги покриваат со прибирање повеќе даноци од оние компании кои се успешни и редовно плаќаат. Ваква арамиска даночна реформа може да спроведе само арамиска власт како оваа на ДУИ и СДС кои во ова гледаат начин како да соберат повеќе пари во буџетот и истите после да ги украдат и испумпаат во својот џеб.

Заради немањето предвидливост, алаш вериш политиките на власта и ваквите даночни реформи странските инвестиции ја избегнуваат Македонија во широк лак, а постоечките бизниси бегаат, додаваат од партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Путин избра наследник на Пригожин на кормилото на „Вагнер“?

Следно

На Халкидики убиен македонски бизнисмен

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop