На 18 ноември билатерална средба меѓу владите на Македонија и Косово во Приштина

October 30, 2024
1 min read

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, попладнево објави дека на 18 ноември во Приштина ќе се одржи билатерална средба меѓу владите на Северна Македонија и Косово.

Во интервју за „Лајм“, Муртезани нагласи дека важноста на оваа посета лежи во зајакнувањето на соработката и стабилноста во регионот.

„На 18 ноември, Владата на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ќе отпатува во Приштина на билатерална средба. Оваа посета е доказ за јасната ориентација на Владата кон регионалната соработка и зајакнувањето на односите со Косово. Се отфрлаат обвинувањата и клеветите од албанската опозиција дека новата влада е наклонета кон Србија. Оваа одлука ги демантира сите тврдења на опозицијата, особено на албанската, кои се обидуваат да прикријат стравот од реалноста на својата опозициона улога, притоа создавајќи илузии дека Северна Македонија е ориентирана кон Србија“, изјави Муртезани, стои во информацијата од политичката партија Алтернатива, дел од коалицијата „Вреди“.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Битолскиот театар ја освои публиката на фестивалот ,,Борини театарски денови“ во Врање

Следно

Во Франција минатата година починале најмалку 735 бездомници

Latest from Blog

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни
Go toTop