На 1 март учениците од четири турски области погодени од земјотресите се враќаат во училиштата

February 20, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Учениците во четирите области во Туркије погодени од земјотресите од 1 март се враќаат на училиште, изјави турскиот министер за национално образование Махмут Озер, јавува Анадолу.

„Од 1 март го продолжуваме образованието во центрите на градовите и во сите области на Адана, Килис, Дијарбакир и Шанлиурфа“, изјави Озер за новинарите во областа Малатија, една од областите тешко погодени од земјотресите на 6 февруари.

Тој додаде дека во Газиантеп и Османије, одморот поради земјотресот е продолжен до 13 март, а во Адијаман, Малатија, Кахраманмараш и Хатај се очекува наставата да започне на 27 март.

„Нема да започнеме со образование во ниту една зграда која нема извештај за отпорност на земјотреси“, рече Озер.

Денес учениците се вратија во училиштата низ Туркије, освен во 11-те области погодени од земјотресот.

Најмалку 41.020 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што го потресоа јужниот дел на земјата на 6 февруари.

Повеќе од 13 милиони луѓе беа погодени од разорните земјотреси.

Земјотресите го потресоа целиот регион, а во соседна Сирија загинаа повеќе од 3.600 луѓе, додека повеќе од 14.000 беа повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претседателот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола дециден: Нема да го смениме името, правата ќе си ги бараме на суд

Следно

Градинките и училиштата во Центар ќе донираат 300.000 денари за Турција и Сирија

Latest from Blog

Бараат повеќе паралелки, а не приемен тест – протест во медицинското училиште во Гостивар, тестирањето се бојкотираше

Приемниот тест за учениците во средното медицинско училиште во Гостивар беше закажан за 10 часот наутро, но беше бојкотиран! Родителите излегоа со барања до училиштето, општината и министерството. Тие бараат да бидат

Се интензивира израелско – иранскиот конфликт

Се интензивира израелско-иранскиот конфликт. Израелската армија соопшти дека нападнала шест аеродроми во Иран, уништувајќи 15 авиони. Сирените за воздушен напад се вклучиле во неколку области низ Израел откако биле детектирани ракети истрелани

Ердоган: „Турција работи напорно за да спречи влошување на конфликтот меѓу Израел и Иран“

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција вложува интензивни напори за да спречи нападите на Израел и неговите поддржувачи врз Иран да се претворат во „поголема катастрофа“,

Речиси 56.000 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Газа

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 55.998 Палестинци се убиени во геноцидната војна што Израел ја води во Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на палестинската енклава, јавува Анадолу. Министерството
Go toTop