Се интензивира израелско – иранскиот конфликт

June 23, 2025
1 min read

Се интензивира израелско-иранскиот конфликт. Израелската армија соопшти дека нападнала шест аеродроми во Иран, уништувајќи 15 авиони. Сирените за воздушен напад се вклучиле во неколку области низ Израел откако биле детектирани ракети истрелани од Иран.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, го нарече израелското бомбардирање на Иран „голема грешка“ и „голем злостор“. 

„Ционистичкиот непријател направи сериозна грешка, тежок злостор, тој мора да биде казнет и ние го правиме тоа сега.“ – Али Хамнеи врховен лидер на Иран.

Израел е многу блиску до постигнување на својата цел за елиминирање на двојната закана од балистичките ракети и нуклеарната програма на Иран, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. 

„Не се сомневам дека ова е режим кој сака да не уништи, и затоа ја почнавме оваа операција со цел да отстраниме две специфични закани за нашето постоење, нуклеарната закана и заканата од балистички ракети. Чекор по чекор се движиме кон остварување на тие цели. Многу, многу сме блиску до нивната реализација.“ – Бенјамин Нетанјаху премиер на Израел.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку сегашниот ирански режим не е во состојба „повторно да го направи Иран голем“, тогаш можеби ќе биде потребно да се промени режимот во таа земја.

„Не е политички коректно да се користи терминот промена на режимот, но ако сегашниот ирански режим не е во состојба повторно да го направи Иран голем, зошто да не се случи промена на режимот?“ – Доналд Трамп.

Русија ги осудува неодговорните, опасни и провокативни потези преземени против Иран, изјави  постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја. 

„САД ја отворија пандорината кутија. Никој не знае какви нови катастрофи и страдања ќе донесе ова. САД не се заинтересирани за дипломатија.“ – Василиј Небензја амбасадор на Русија во ОН.

Рускиот претседател, Владимир Путин,  на средба со иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во Москва, изјави дека американските воздушни напади врз Иран се апсолутно неиспровоцирана агресија и додаде дека нема никакво оправдување или основа за таквите потези. Путин ова го изјави во Москва

„Тоа е апсолутно неиспровоцирана агресија против Иран. Таа нема никаква основа и никакво оправдување.“ – Владимир Путин претседател на Русија. 

Ден по нападите на САД врз иранските нуклеарни постројки, не стивнуваат светските реакции. Покрај Русија, и Кина и Пакистан предложија итна седница на Советот за безбедност за усвојување резолуција со која се бара итен и безусловен прекин на огнот на Блискиот Исток.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Данела Арсовска го објави сопственикот на дивоградбата

Следно

Бараат повеќе паралелки, а не приемен тест – протест во медицинското училиште во Гостивар, тестирањето се бојкотираше

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop