Н1: Се зголемуваат тензиите пред утрешното изрекување на пресудата за Додик

February 25, 2025
1 min read

Се зголемуваат тензиите пред утрешното јавно изрекување на пресудата за претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за непочитување на одлуките на високиот претставник.

Додека се чека исходот од едногодишното судење, притисокот врз Судот на БиХ се зголемува. Веќе има одредени блокади во работата на државните институции, а има и закани за радикални потези. Во меѓувреме, трупите на ЕУФОР се распоредени во Сребреница, јави Н1 БиХ.

Претставниците на државната власт од Република Српска постојано нагласуваат дека доколку Додик и Лукиќ бидат осудени, за нив нема место во институциите. Наместо да присуствуваат на седницата на Советот на министри, министрите на СНСД ќе бидат пред Народното собрание на РС на митинзи. Малку порано претставниците во Парламентарното собрание на БиХ треба да расправаат за разрешувањата на Кошарац и Амиџиќ, но бидејќи СНСД најверојатно нема да присуствува на седниците, немањето кворум ќе им овозможи на министрите да ги задржат своите функции. Властите во РС веќе активно заседаваат за, како што самите тврдат, рушење на Уставот на БиХ кои тие со своето делување ќе го заштитат. Владата на РС усвои Информација, а таа ќе биде разгледана и во Националното собрание. Велат не се работи за судењето на Додик и Лукиќ, туку за Република Српска.

– Доколку правното насилство врз Република Српска не престане, и нема политичка волја и меѓународна поддршка Босна и Херцеговина да се врати на нејзините основи и да се трансформира во држава во која се почитуваат Дејтонскиот устав и законите, Република Српска е должна без одлагање да преземе мерки за да ја заштити својата дејтонска позиција исклучиво преку политички и правен пат, соопшти Владата на РС.

Опозицијата во РС одлучи да не присуствува на средбата со Додик, вели поранешниот претседател на СДС. Мирко Шаровиќ вели дека Додик му дал легитимитет на Судот со тоа што присуствувал на рочиштата и дека задоцнил со неприфаќањето на одлуките. Иако смета дека судењето не требало да се случи, тој вели дека народот не треба да се вовлекува во оваа приказна.

– Таа борба, битката за правда како што вели, требало да се случи пред една година и да ги искористи сите можности што му стојат на располагање за да и се спротивстави. Мислам дека сега е непотребно повикување на луѓето, да се држат митинзи еден или два дена поради некаков судски процес, рече Шаровиќ.

Поради загрижувачките најави, ЕУФОР веќе соопшти дека е во состојба на готовност, со зголемен број возила на улиците на Сребреница, а на состанокот членот на Претседателството Денис Беќировиќ го повика шефот на делегацијата на ЕУ, Луиџи Сорека, да го зачува мирот и дополнително да ги засили трупите на ЕУФОР. Негов колега од Претседателството викендов во медиумите објави дека доколку Додик тргне кон отцепување, ќе издаде наредба до Вооружените сили, но веднаш стигна одговор од претседателката Жељка Цвијановиќ дека за тоа е потребен консензус. Здруженијата на жртви и сведоци на геноцидот, Мајките од Сребреница се навикнати на вакви најави и не се вознемирени, пишува Н1.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Февруари – месец посветен на ретките болести

Следно

Метелко-Згомбиќ: Хрватска може на Украина да и го пренесе своето „одлично искуство“ за реинтеграција на територијата

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран
Go toTop