Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

March 25, 2026
1 min read

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во рана фаза да ги развиваат своите претприемачки, креативни и лидерски вештини.

Националната образовна иницијатива е во организација на Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје, во партнерство со Град Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и Елемент ПР. Проектот е замислен како платформа преку која младите уште во средношколските денови ќе добијат можност да размислуваат креативно, стратешки и претприемачки, но и директно да се запознаат со начинот на кој функционира современиот бизнис.

Бизнис предизвикот за средношколци има интерактивен формат што ги става учениците во центарот на искуството. Учесниците ќе работат во тимови, ќе решаваат реални бизнис-предизвици, ќе развиваат идеи и ќе ги претставуваат своите решенија пред претставници од академската заедница и бизнис-секторот.

 

 

За најдобрите проекти ќе бидат доделени награди и признанија, 18.000 денари за секој најуспешен училишен проект, по што ќе следи и големото финале на кое еден победник ќе добие финансиска поддршка за основање на стартап. За најуспешните тимови се предвидени и дополнителни можности, меѓу кои германски сертификат за академска извонредност, ваучер за стипендија, покана за Heidelberg Business Bootcamp и приоритетна постапка за упис. Со тоа, проектот не се задржува само на мотивација, туку нуди и јасни следни чекори за учениците кои сакаат понатаму да се развиваат во оваа насока.

Целта на проектот е рано препознавање на талентите, да поттикне развој на претприемачки начин на размислување и да им овозможи на средношколците навреме да го почувствуваат реалниот деловен амбиент. Придобивките за учениците се стекнување искуство во тимска работа, креативно решавање проблеми, презентациски вештини и бизнис-размислување, а истовремено ќе имаат можност да учат од ментори и професионалци кои доаѓаат од реалниот сектор.

Со проект ќе бидат опфатени 12 гимназии, 900 ученици, повеќе од 150 учесници на хакатони и 10 победнички тимови, по што ќе следи и големо финале во кампусот на Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје. По хакатонот во СУГС „Никола Карев“, хакатонот во следните денови ќе продолжи и во гимназиите „Васил Антевски – Дрен“ – Велес, „Кочо Рацин“, „Георги Димитров“ и „Васил Антевски – Дрен“, носејќи го концептот на Future Business Challenge директно до учениците и отворајќи простор тие да се вклучат во еден поинаков, динамичен и практичен образовен процес.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Следно

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Latest from Blog

Иран одговори на американскиот предлог за крај на војната

„Одговорот на Исламската Република Иран на најновиот американски предлог за прекин на војната денес беше испратен до пакистанскиот медијатор“, соопшти агенцијата. „Во оваа фаза, преговорите ќе се фокусираат, како што е планирано,

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, Иван Чулев

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, Иван Чулев Актуелниот градоначалник Митко Јанчев се прости од својот претходник на социјалната мрежа „Фејсбук“. „Неговиот придонес за Кавадарци ќе остане трајно запаметен, а споменот за него

Димовски: Оспорувањето на МПЦ-ОА е оспорување на македонскиот народ

Илија Димовски на социјалните мрежи објави осврт за значењето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Историјата на македонскиот народ не е само хроника на битки и договори, таа во значаен дел

Мајорка и Виљареал ги поделија бодовите

Првиот дуел од денешната програма во Примера шпанскиот фудбалски шампионат, заврши со поделба на бодовите. Мајорка како домаќин одигра 1:1, со тимот на Виљареал во интересен и неизвесен дуел. Перез го реализираше
Go toTop