МВР пријави полицајци кои незаконски издавале дозволи за оружје

November 18, 2024
1 min read

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 25 вработени во истото министерство за несовесно постапување во вршење на своите должности и овластувања. Предметот го работел Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР кој кривичната пријава ја поднесе до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Според МВР службениците по барања за издавање на одобрение за набавка на оружје дале позитивни мислења, но спротивно на одредбите од Законот за оружје.

Петмина од пријавените кои биле претседател, членови и заменици членови на Комисијата за ревизија на позитивно одлучени барања за издавање одобрение за набавување на оружје не извршиле правилна ревизија на содржината на мислењата.

МВР ги товари дека наместо предметите да ги отфрлат или вратат на повторно одлучување заради докомплетирање, врз основа на претходно изготвени списоци на баратели на одобрение покрај кои биле испишани имиња на дел од членовите на Комисијата за ревизија, донеле позитивни одлуки и овозможиле баратели да се стекнат со одобрение за набавување на оружје спротивно на одредби од Законот за оружје.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кенија: Сиропиталиштето за слонови „Шелдрик вајлдлајф траст“, место за изгубените слонови во дивината

Следно

Митрески: Власта да каже со какви нови глоби, ќе ги глоби граѓаните за да собере плус 54 милони евра во буџетот

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop