Митрески: Власта да каже со какви нови глоби, ќе ги глоби граѓаните за да собере плус 54 милони евра во буџетот

November 18, 2024
1 min read

Пратеникот на СДСМ, Јован Митревски, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, на чиј дневен ред е Предлог буџетот за 2025 година ја повика власта да каже со какви нови глоби ќе ги изненади граѓаните за да собере плус 54 милиони евра, пари во буџетот. Митревски ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да кажат кога државата го пљачкосувала народот, дали со претходниот буџет за 2024 година кој изнесувал 5,3 милјарди евра или, пак, сега со новиот Предлог буџет за 2025 година кој тежи 6,5 милјарди евра. Тој нагласи дека со ваква сума на пари, власта се подготвува да го пљачкосува народот, преку повисоки даноци и казни.

„Моето прашање е како до нови 54 милони евра, дали се планира наплата на повеќе глоби или, пак, се планира зголемување  на некои други админстративни такси, оние што ги плаќаат граѓаните и фирмите, за да им биде појасно на граѓаните што ги очекува наредната година. Дали со ваква сума власта се подготвува да го пљачкосува народот, преку повисоки даноци и казни. Значи  5 милјларди и 300 милиони евра за буџетот од 2024 година, беа класичен арач, а сега 6,5 милјарди евра се благосостојба на граѓаните.  Супер сте.“, рече Митрески. 

Според Митрески, буџетот за 2025 година, нема никаква суштинска и препознатлива нова политика, ниту пак, економски социјални мерки, или предлози, од аспект на понуда. Тој нагласи дека буџетот не нуди ништо ново затоа што напишано, е продолжение од петходната власт.

„Заради  зголемувањете на дефицитот и јавниот долг буџетот носи ризици и е фактор на макроекономска потенцијална дестабилизација. Очигледно е дека економијата во 2025 година ќе се движи по инерција. Тоа е единствена предност, бидејќи е резултат на тоа што претходно се работеше. Ваква економија. со лошо скроен погрешен буџет, со исклучување на сите меѓународни релевантни институции, со прекршување на основните  договорени фискални правила, не претставува решение и помош, туку извор на нови проблеми“, рече Митревски, на четвртиот ден од расправата за Предлог буџетот за наредната година.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР пријави полицајци кои незаконски издавале дозволи за оружје

Следно

НБА засилувањето на Барселона се повреди

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop