Муртезани: Сомнеж за корупција во МЕПСО, „8. мај е блиску, виновниците ќе одговараат“

February 19, 2024
1 min read

Орхан Муртезани од Европскиот сојуз за промени Здружената албанска опозиција денеска оцени дека има индикатори за корупција во МЕПСО. Тој остави да се види дали Обвинителството и Антикорупциската комисија ќе отворат предмет, но нагласи дека изборите се ближат и дека виновниците ќе одговараат пред лицето на правдата.

„Генералниот директор на МЕПСО треба да објасни како го променил заклучокот на Управниот одбор од февруари 2023 со кој на истата фирма требаше да се предложи драстично помало зголемување на цената. Кој им бил офицерот за врски што ја договорил зделката и во чии џебови треба да завршат овие пари. Зошто изгубија цела година без да преземат ништо во време кога цените на берза вртоглаво паѓаа? Зошто не го искористија истиот период да се ретендерира проектот и да се добие поевтина понуда од таа во 2019 година. Многу јасно дека во овој случај има корупција. Сепак 8 мај е многу блиску. Тие заедно со менторот ДУИ првин ќе одат во опозиција и потоа ќе одговараат пред лицето на правдата“, рече Муртезани.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мажите откриваат: Што никогаш не ѝ кажуваат на жената?

Следно

ОРУЖЈЕ ШТО ИЗРАЕЛ ГО ТЕСТИРАШЕ ВО МАСАКРОТ ВО ГАЗА: Врз Палестинците во Газа тестирани проектили, тенкови и опрема

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop