Муртезани: Европските средства не се под закана

June 30, 2025
1 min read

Брисел и Софија имаат различни погледи на евроинтегративниот процес на Македонија – се додека Бугарија гледа низ билатерална диоптрија, ќе има блокада. Ова го изјави министерот Муртезани, на само неколку часа пред пристигнувањето на еврокомесарката за проширување во Скопје.

Иако централна тема на денешната средба на Мицкоски со Марта Кос е Самитот и Планот за раст, Муртезани вели дека неизбежна тема се уставните измени и изнаоѓање на решенија со кои ќе бидат зачувани македонските позиции. Порача дека клучниот проблем е унитералната позиција на Бугарија, којашто се претвара во заедничка позиција на ЕУ

Орхан Муртезани министер за европски прашања –  Кога ги слушаме високите претставници од Брисел, тие велат спроведувајте ги уставните измени. Кога ги слушаме претставниците од Бугарија, тие велат уставните измени, преговарачката рамка, протоколите. Ова значи дека не е истиот став. Ние велиме, дека ако се инсистира на сите овие на кои инсистира Бугарија, а вклчувајќи го и вториот протокол, тоа е голем ризик, оти ако внимателно го читаме протоколот, гледаме таму се е билатерализирано и сите тие чекори во иднина може многу лесно да се претворат во блокади.

А во пресрет на утрешниот Самит ЕУ- Западен Балкан, каде домаќин е Скопје и лидерите од регионот ќе реферираат за тоа – кој што има сработено од реформската агенда, Муртезани вели дека процентот на исполнетост на агендата од Планот за раст во јуни ќе биде малку понизок од оној во декември, но дека европските средства за Македонија не се под закана, иако може да бидат, ако во дополнителниот рок од 12 месеци не се завршат успешно реформите. На прашање дека министерствата за економија, правда и енергетика доцнат со завршување на обврските порача.

Орхан Муртезани – Што се однесува до реформите со рок до јуни, да почекаме уште денес. Претходната недела и денес сме во интензивна комуникација со сите институции. Тоа што претходниот пат беше како слабост, значи, сите насоки за финализирање на чекорите стигнаа буквално после крајниот рок за спроведување на реформите. Сега има малку појасна слика, меѓутоа појасната слика значи дополнително покомплексен процес. 

Според Муртезани, целиот просек во регионот за исполнетост на реформската агенда од Планот за раст за Западен Балкан е околу 50-60 проценти успешна спроведеност. Утре на Самитот во Скопје ќе пристигнат премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. 

Планот за раст на Европската комисија беше презентиран во октомври 2023 година, а има за цел да го поттикне економскиот раст на регионот и да им помогне на земјите да се приближат до ЕУ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сертификати за 1.500 учесници за „Читањето на Сахих ал-Бухари“ што ги собраа хадиските научници во Истанбул

Следно

Кирил Петков поднесе оставка

Latest from Blog

Коњановски: Силна соработка меѓу општините за подобри комунални услуги

Во Охрид се одржа настанот „Денови на АДКОМ – Денови на комунални услуги“, организиран од Здружението на даватели на комунални услуги, кој ги собра претставниците на институциите, јавните комунални претпријатија, локалната самоуправа

Јаулевски : Изборот на обвинител е тест за враќање на довербата во правосудството

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулевски, денеска во Собранието порача дека изборот на нов државен јавен обвинител претставува клучен момент за иднината на правосудниот систем во Македонија. Во своето обраќање, Јаулевски

Binance го проширува 24/7 моделот на тргување и кон традиционалните финансиски пазари

Binance го проширува моделот на континуирано, непрекинато тргување — модел што е карактеристичен за крипто-пазарите — и во светот на традиционалните финансии, овозможувајќи им на корисниците да тргуваат со перпетуални договори поврзани

Израел тврди дека го убил иранскиот министер за разузнавање

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека иранскиот министер за разузнавање, Есмаил Хатиб, е убиен во израелски воздушен напад во Техеран во текот на ноќта, додавајќи дека денеска се очекуваат „значајни
Go toTop