Николоски: Ненад Савески е личност со искуство што ќе испорача правда, која на Македонија очајно и е потребна

March 18, 2026
1 min read

На Македонија очајно и е потребна правда и владеење на правото. И треба јасно отворање и процесуирање на случаи кои ќе значат подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем, се обрати пред пратениците, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на собраниската седница на која се избира Државен Јавен обвинител.

Во име на Владата, предложен е Ненад Савески, за кој вицепремиерот Николоски истакна дека е професионалец, докажан во својата работа и како што потенцира,  без ниту една дамка во својата професионална кариера.

“ За жал оваа состојба во која е обвинителско-правосудниот систем е состојба коja не дава доверба кај граѓаните, состојба која ги тера многу од граѓаните да не веруваат во системот, почесто да има неправда отколку правда, а и тогаш кога има правда заради скепсата која постои меѓу граѓаните, тие да се прашуваат дали навистина се донела правилната одлука. Не случајно нема разговор, нема дебата и нема сериозни критики за обвинителско-правосудниот систем како што не случајно рејтингот на овие две институции е околу 2 %.

Тоа ќе е сериозна задача за новиот Јавен обвинител кој го предлагаме, тоа е магистер Ненад Савески, човек кој што е долго во обвинителско-правосудниот систем, со сериозен стаж и искуство, човек кој бил обвинител, судија и сега повторно ќе ја има шансата да е прв меѓу обвинителите.

Се работи за еден човек кој што е еден од светлите примери во македонското судство и обвинителство, кој што позади себе нема дамки.  Имаме човек кој е мотивиран и кој ќе биде прв кој треба да испорача правда во Македонија” – се обрати вицепремиерот Николоски пред пратениците.

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Савески најави крај за предмети во„фиока“ и селективната правда

Следно

Израел тврди дека го убил иранскиот министер за разузнавање

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop