Израел тврди дека го убил иранскиот министер за разузнавање

March 18, 2026
1 min read

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека иранскиот министер за разузнавање, Есмаил Хатиб, е убиен во израелски воздушен напад во Техеран во текот на ноќта, додавајќи дека денеска се очекуваат „значајни изненадувања“.

– На овој ден се очекуваат значајни изненадувања на сите полиња што ќе ја ескалираат војната што ја водиме против Иран и Хезболах во Либан – изјави тој за време на безбедносната проценка, според неговиот кабинет.

– Интензитетот на нападите во Иран се зголемува. Иранскиот министер за разузнавање Хатиб исто така беше елиминиран во текот на ноќта – рекол тој.

Според Кац, тој и премиерот Бенјамин Нетанјаху „ги овластиле Израелските одбранбени сили да ја елиминираат секоја висока иранска личност … без потреба од дополнително одобрение“, пренесе Тајмс оф Израел.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Ненад Савески е личност со искуство што ќе испорача правда, која на Македонија очајно и е потребна

Следно

Saveski: Nuk do të ketë raste në sirtar dhe drejtësi selektive, në secilin rast vendosen fatet e njerëzve

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop