Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ вечер во Велес

March 3, 2023
1 min read

По Романија, Албанија, Белгија и Србија, токму Велес ќе биде центар на стрип културата во земјава. Уметници и сценаристи, стрип теоретичари, професори, љубители на стрипот и гости од земјава и од странство ќе присуствуваат на отворањето на изложбата „CAN for Balkans“ вечер во 20 часот во Ликовниот салон во Велес, информираше Томе Трајков од Стрип-центарот на Македонија-Велес.

Трајков кој воедно е и член на меѓународното стрип жири „Can for Balkans“ рече дека изложбата „CAN for Balkans” е составена од две тематски целини, од кои на првата се презентирани графичко-секвенцијални дела пристигнати на минатогодишниот меѓународен стрип-конкурс на тема „Балканот низ историјата”.

На втората, која е резултат од повеќегодишните истражувачки студии за историскиот стрип на Балканот, изложени се најрепрезентативните историски стрипови на романски, српски, албански и македонски автори, односно на историски стрипови од земјите од каде што се партнерските организации на проектот. Посетителите ќе можат да ја посетат оваа изложба посветена на историјата на Балканот се до 27 март.

Пред изложбата, во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од 11.30 часот ќе се одржи презентација на македонски историски стрип од Александар Стеванов. Од 13.00 до 14.30 часот ќе има разговор со Бошко Караџов, автор на книгата „Естетика на стрипот“. Од 16.30 до 17.30 часот ќе биде промовирана книгата „Стрип и моќ – Хероите и суперхероите како геололитичка алатка“ од Андреа Силвестри, амбасадор на Италија во земјава.

Од 18 до 19.30 часот ќе има дебата „Can for Balkans – Балканот во историјата низ призмата на пропаганда, клишеа и стереотипи“.

Настанот е во организација на Стрип-центар на Македонија како партнер во проектот CAN for Balkans, кофинансиран од Европската унија преку програмата „Креативна Европа“, а локални партнери се Општина Велес и ЛУ Народен музеј – Велес.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Синот на Роналдињо потпиша за Барселона

Следно

Бајден би бескрајно да помага, ама Американците не му даваат

Latest from Blog

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се
Go toTop