Можно е вештачење за „Онкологија“ да се врши во една од соседните земји, вели Јовески

October 13, 2023
1 min read

реклама

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вечерва соопшти дека е можно во некоја од соседните земји да има вештачење за случајот „Онкологија“. Тој потврди дека соработката со Косово и Албанија е се уште во рамки на размена на информации, но што ќе покаже таа соработка, засега е отворено прашање.

Според Јовески, неблагодарно е да се прогнозира кога ќе има конкретен обвинителен акт. Многу поважно е, нагласи, да се дојде до вистината, односно до релевантни податоци – кој што направил во конретното дело. 

реклама

-Неблагодарно е да се прогнозира времето, побитно е да дојдеме до вистината, до докази, до обвинети лица и до сигурни, релевантни податоци кој што направил во конретното дело. Сложеноста на предметот налага дека ќе има повеќе вештачења. Се уште нема одлука, има идеја тоа да се врши во една од соседните земји и воопшто Обвинителството никогаш тоа прашање не го поставувало, имавме вештачење и од германски експерти. Соработката со Косово и Албанија е се уште во рамки на размена на информации. Ако Обвинителството презема такви дејства, јасна е неговата намера да го истражи случајот до крај – дали евентуално одредени лекови или медицински материјали завршувале надвор, како завршувале и на кој начин, да прибави соодветни докази од тие земји и во тој дел сега се остварува таа соработка. Што ќе покаже соработката е отворено прашање, но ве уверувам дека ЈО максимално се посветува на расчистување на сите овие прашања за кои денеска зборувавме со пратениците. Сите сме свесни за тежината на случајот и сите сакаме да се дојде вистината, тој што сторил да сноси одговорност, а најголема сатисфакција ќе биде да се врати довербата на луѓето што се борат за живот, рече Јовески.

Според него, Во однос на тоа кој се и дали ќе биде сослушан министерот за здравство, како и кога тоа ќе се случи, ќе проценат обвинителите кои го водат случајот. 

реклама

-Сите граѓани пред Уставот се еднакви. За нас не е битно и одлучувачки кој каква функција извршува, туку колку може да ни помогне во обезбедување докази, подвлече обвинителот.

Тој напомена и дека ревизорскиот извештај, што е тема на седницата на Комисијата, е само еден од доказите за „Онкологија“. 

реклама

Комисијата ќе ја продолжи седницата во понеделник. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цветановска за Законот за амнестија: Не е решение на долг рок

Следно

Османи: Со денешниот лет од Тел Авив ги донесовме и преостанатите 67 наши државјани кои побараа евакуација

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop