Османи: Со денешниот лет од Тел Авив ги донесовме и преостанатите 67 наши државјани кои побараа евакуација

October 13, 2023
1 min read

На истиот лет, излеговме во пресрет и на нашите пријатели, обезбедувајќи трансфер и на седум албански, седум црногорски и три бугарски државјани, информира Османи

Со денешниот чартер-лет од Тел Авив, кој беше организиран и платен од страна на Владата на Република Северна Македонија, ги донесовме и преостанатите 67 наши државјани кои побараа асистенција за нивна евакуација од Израел, информира министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук-профил.

„На истиот лет, излеговме во пресрет и на нашите пријатели, обезбедувајќи трансфер и на седум албански, седум црногорски и три бугарски државјани“,

напиша Османи.

Од МНР за „360 степени“ велат дека засега сите македонски државјани што сакале да го напуштат Израел, се вратени во земјава. Наредните денови, доколку се пријави уште некој за евакуација, велат од МНР, јавноста ќе биде информирана.

Како што веќе извести „360 степени“ од Аеродромот Скопје, летот од Тел Авив пристигна околу 15 часот. Патувањето, за тие што побарале евакуација, беше бесплатно.

Поради војната во Израел се откажани голем дел од комерцијалните летови, па авиотранспортот е практично блокиран. Заминување по воздушен пат, е извесно само преку евакуациски летови.

Некои од патниците и нивните роднини кои ги чекаа во Скопје, не можеа да ги скријат солзите.

(ФОТО+ВИДЕО) Солзи и прегратки на скопскиот аеродром по пристигнувањето на македонските граѓани од Израел

Ова не е прва група македонски граѓани кои се враќаат со евакуациски лет. Претходно, токму со лет кој го организира Црна Гора, во земјава се вратија неколку наши државјани. Пред четири дена, во Тирана, со лет на „Ер Албанија“ се вратија деветмина велешани кои во Израел престојувале како туристи.

Девет македонски туристи од Велес кои биле во Израел се евакуирани со помош на Албанија

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Можно е вештачење за „Онкологија“ да се врши во една од соседните земји, вели Јовески

Следно

Бујар се фали дека Владата обезбедила авион за извлекување на нашинците од Израел, зарем не разбрал дека Србија испрати авион?

Latest from Blog

Министерство за енергетика: Гасоводот со Грција напредува, се подготвува поврзувањето со Србија

Изградбата на гасоводот со Грција напредува, паралелно се подготвува интерконекторот со Србија и се спроведуваат технички проверки за ставање во функција на домашните гасоводни делници, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на
Go toTop