Мозаик стар 2.200 години и гробница стара 1.800 години откриени во античкиот турски град Асос

January 22, 2025
1 min read

ЧАНАККАЛЕ (АА) – При археолошките ископувања во античкиот град Асос, кој се наоѓа во селото Бехрамкале во турската област Чанаккале, откриени се мозаик стар 2.200 години и гробница стара 1.800 години, изјави денес официјален претставник, јавува Анадолу.

Нуретин Арслан, шеф на тимот за ископувања во Асос, од Универзитетот „Онсекиз Март“ во Чанаккале, сподели детали за наодите откриени во текот на 44. сезона на ископувања поддржани од турското Министерство за култура и туризам и спонзорирани од Индустрии за челик и железо „Истанбул“ (ICDAS).

Мозаикот, кој датира од хеленистичкиот период, е составен од шарени полигонални камења распоредени во геометриски и цветни шари.

„Овој мозаик е меѓу најраните примероци од хеленистичкиот период на Анадолија и веројатно бил дел од гимназиум подоцна претворен во станбена област во текот на византиската ера“, рече тој.

Гробницата, која се наоѓа во источниот дел на агората, е идентификувана како „херон“, што претставува монументална гробница посветена на важно семејство во Асос од римската ера.

Според претставникот: „Градбата, за која првично се сметаше дека е фонтана, всушност излезе дека е гробница стара 1.800 години, која му припаѓа на угледно семејство во градот.“

Асос, инаку значаен пристаништен град во античкиот период, продолжува да го привлекува светското внимание поради археолошкото наследство и природните убавини.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија: Потенцијалните договори за украинската криза треба да содржат и механизам за спречување на прекршувањата

Следно

Два билошки лекови за онколошките пациенти ќе бидат донирани, останатите достапни за 10-на дена

Latest from Blog

Нова ликвидација во близина на Москва: Убиен уште еден руски генерал? (ВИДЕО)

Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на жртвата. Според каналот на Телеграм, Шот, мажот е 62-годишен, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат дека жртвата е дури

„Тука не смееш и животни да оставиш да живеат“, и пациентите и вработените во опасност

Екипата на „Фокус“ го посети и машкиот оддел во Психијатриската болница во Бардовци, кој во моментов се реновира, но, според кажувањата, тоа изгледало како од хорор-филм. Во такви страшни услови, децении живееле

14 загинати во нов израелски напад низ јужен Либан

Нападите биле изведени во повеќе подрачја, меѓу кои Тир, Марваније и Зифта, во округот Набатије. Нападите продолжуваат во период на зголемени тензии меѓу Израел, Хезболах и Иран. Хезболах соопшти дека таргетирал израелски
Go toTop