Москва одби меѓународна истрага за Навални

February 20, 2024
1 min read

Кремљ одбива меѓународна истрага за смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој пред пет дена во неразјаснети околности почина зад решетки во Сибир. Според официјална Москва, барањата на Брисел за ваква истрага се неприфатливи. Во меѓувреме, руските власти го информирале семејството на Навални дека ќе го задржат неговото тело уште 14 дена, за да извршеле, како што велат, одредени хемиски испитувања.

„Петти ден како не можам да го видам, не ми го даваат телото, ниту ми кажуваат каде е. Ви се обраќам на вас, Владимире Путин, одлуката зависи само од вас. Дозволете ми да го видам конечно мојот син. Барам да ми биде дадено телото на Алексеј за да можам човечки да го погребам“, рече Људмила Навалнаја – мајка на Алексеј Навални.

Од Кремљ исто така истакна дека обвинувањата на сопругата на Алексеј, Јулија Навалнаја, дека рускиот претседател Владимир Путин стои зад смртта на нејзиниот сопруг, се „празни и груби“. Од друга страна, првиот човек на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, барајќи меѓународна истрага, денеска нагласи дека, како што рече, неочекуваната и шокантна смрт на Навални е уште еден знак за систематска репресија во Русија.

„ЕУ нема да штеди напори да бара одговорност од политичкото раководство и властите на Русија во тесна координација со нашите партнери; и ќе наметне дополнителни последици за нивните постапки, вклучително и преку санкции“, рече Борел.

Голем број европски земји изутринава ги повикаа на разговори во своите министерства за надворешни работи амбасадорите на Руската федерација. Им беше пренесена осуда за смртта на Навални, но и ја повикаа Москва да ги разјасни причините. Дел од нив најавија и дополнително санкции кон Русија. Засега единствено српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да им се придружи на таквите евентуални санкции. Од Министерството за надворешни работи кај нас пак, засега нема одговор ниту за санкции, ниту пак дали во МНР ќе биде повикан рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин.

Лука Андреев

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија: Приведена руско-американска државјанка обвинета за велепредавство

Следно

Алтун: „Не треба да бидеме рамнодушни пред израелските дезинформациски кампањи за Газа“

Latest from Blog

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни

Мецола: Статус кво состојбата ја оддалечува Македонија од Европа

Претседателката на Европскиот парламент порача дека проширувањето е добивка и за Унијата и за земјите кандидати, предупредувајќи дека бесконечното чекање создава разочарување и ја поткопува довербата во европската идеја. Пораката на Мецола

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што
Go toTop