Москва испрати порака до Украинците: Нападот на Белгород нема да остане неказнет

December 30, 2023
1 min read

Во нападот на Белгород, град во близина на украинската граница, загинаа 14 лица, меѓу кои и две деца, а беа повредени 108 лица, од кои 15 деца

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нападот на Белгород во кој загинаа 14 лица нема да помине неказнет, истовремено обвинувајќи ја за нападот украинската армија.

Регион Белгород / Фото: EPA-EFE/GOVERNOR OF BELGOROD REGION

„Тој напад нема да помине неказнето“,

објави Министерството на Телеграм, уверувајќи дека руските сили успеале да пресретнат два проектила и повеќе ракетите лансирани кон тој град.

Москва ја обвини украинската војска дека извршила напад врз Белгород, град во близина на украинската граница, во кој загинаа 14 лица, меѓу кои и две деца, а беа повредени 108 лица, од кои 15 деца. Ова се случи еден ден по големиот руски воздушен напад врз Украина во кој загинаа 39 луѓе.

Фотографиите објавени на интернет покажуваат запалени автомобили, згради со скршени прозорци и црн чад што се издига од неколку објекти.

„Рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за нападот врз одредени населби на градот“,

изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Украина, која беше нападната од Москва во февруари минатата година, редовно извршува напади врз цели во Русија, особено во областите блиску до нејзината граница, но бројот на жртви обично е помал.

Киев се уште не реагирал на руските обвинувања по нападот во саботата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ретроспектива на 2023 година – најважните настани кои ги доживеа Македонија

Следно

Два лета на скопскиот аеродром откажани поради магла

Latest from Blog

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија.
Go toTop