Модриќ не донел одлука да го напушти Реал Мадрид

February 2, 2024
1 min read

Договорот на Лука Модриќ (38) со Реал истекува на крајот од сезоната. Се зборуваше и за заминување од мадридскиот клуб во летото 2023 година, кога имаше богати понуди од саудиските клубови.

Сепак, тој остана во тимот на тренерот Карло Анчелоти кој сезонава не го користи многу во првиот тим.

Неговото место го зазедоа младите играчи како Џад Белингем, Феде Валверде, Аурелиен Чоамени или Едуардо Камавинга, како и поискусните Тони Крос и Дани Себаљос.

Капитенот на хрватската репрезентација забележа 25 настапи, односно 1.340 минути поминати на теренот, откако се повредија некои од младите ѕвезди на Реал, па се отвори простор за легендарниот играч за врска. Инаку, тој стартуваше само 15 пати, додека четири првенствени натпревари ги започна од клупата за резерви.

Речиси секојдневно се пишува за заминување на Модриќ на крајот од сезоната, но угледниот спортски медиум „Атлетик“ дознава дека тоа можеби нема да се случи. Во разговор со неименувани извори блиски до Модриќ дознале дека Реал ќе почека да ја донесе „најдобрата можна одлука“ за останување или заминување на играчот од средниот ред.

На Модриќ наводно не му се брза да донесе одлука на почетокот на февруари, но целта му е на најдобар можен начин да ја заврши клупската сезона, а потоа да се фокусира на Европското првенство во Германија каде повторно ќе ја предводи Хрватска.

Исто така, „Атлетик“ дознава дека на Модриќ не му е приоритет да замине во Саудиска Арабија, каде што се неговите сонародници Марсело Брозовиќ и Иван Ракитиќ, меѓу другите.

Модриќ досега добиваше понуди од катарски, американски и европски клубови, но не ја отфрли можноста да остане во Реал, иако е свесен дека Мадрид повторно ќе се фокусира на помладите играчи кои се опоравија од повредите во преостанатиот дел од сезоната.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хелсиншки комитет: Пренатрупаноста во сите затвори е алармантен проблем за кој државата мора итно да најде решение

Следно

СЕ РАЗВЕДЕ, ПА ВРЕМЕ Е ЗА ФУСТАН БЕЗ ГАЌИЧКИ: Водителката Сања Маринковиќ во најпровокативен фустан во својата емисија, дури и гостите подзинале

Latest from Blog

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура

Николоски: 130-тонски машини копаат до 28 метри под земја за изградба на најтешкиот дел од автопато Охрид-Кичево

Во денешната изјава за медиуми заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, зборуваше за градежните активности на најсложениот дел од автопатот кај Ботун, како и за техничкото решение со

„СЕ КОЦКААТ СО НАШИТЕ ЖИВОТИ“: Експертите алармираат за неконтролираниот развој на вештачката интелигенција

OpenAI објави шест извештаи за „неочекувано и загрижувачко“ однесување на своите модели на вештачка интелигенција, објавува Асошиејтед прес. Соопштението доаѓа во време кога технолошкиот свет води сè пожестока дискусија за безбедноста, а
Go toTop