Мобилизиран најголем број полицајци: Засилени мерки во Тирана за натпреварот Албанија–Србија

June 6, 2025
1 min read

Околу 2.000 припадници на полицијата ќе бидат ангажирани за гарантирање на безбедноста за утрешниот квалификациски натпревар за Светското првенство во фудбал 2026 меѓу Албанија и Србија, што ќе се одигра на стадионот „Арена Комбетаре“ („Ер Албанија“) во Тирана, јави порталот Балкан веб.

Станува збор за најголем број безбедносни сили досега мобилизирани за фудбалски настан во Албанија. Меѓу ангажираните се специјалните сили FNSH, антитерористичката единица RENEA, Одделот за неутрализација на вооружени елементи и албанската разузнавачка служба SHISH.

Главниот акцент на безбедносните мерки ќе биде ставен на српската делегација, која ќе биде под постојана полициска придружба од доаѓањето до заминувањето. Воведени се и строги правила за движење низ главниот град, како и детални контроли на влезот во стадионот и во неговата околина.

Антитерористичката единица ќе ги надгледува не само стадионот, туку и контролно-пропусните пунктови на границата. Уште пред една недела, на сите гранични премини се доставени фотографии на лица склони кон екстремизам, на кои ќе им биде забранет влез во Албанија.

Албанската фудбалска федерација (FSHF), во координација со безбедносните служби, постави напредни безбедносни системи на стадионот, вклучувајќи камери за препознавање лица и други надзорни камери што ќе го следат секое движење во и околу арената во реално време.

Билетите и личните документи на гледачите ќе се проверуваат строго. Сите патишта што водат кон стадионот ќе бидат целосно затворени, а околината ќе биде обезбедена со антидрон системи.

Албанија и Србија имаат долготраен конфликт поради Косово, што често се прелева и на спортските настани. Во текот на квалификациите за ЕУРО 2016 натпреварот меѓу двете репрезентации беше прекинат откако се случи инцидент со дрон со знаме на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), потсетува Балкан веб.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сојузник на Трамп вели дека Илон Маск треба да биде депортиран од САД

Следно

Со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос на 40 минути ќе се намали времето на патување од Ресен до грчка Преспа

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop