МНР: Уште 9 наши државјани го напуштија Израел

October 11, 2023
1 min read

реклама

Уште 9 наши државјани го напуштија Израел, преку различни транспортни рути, и тоа: четворица со лет до Атина, тројца за Јордан и двајца за Белград; заедно со оние кои претходно тоа го сторија, вкупната бројка за изминативе три дена се искачи на 40 наши државјани што го напуштија Израел.

Дваесет пријавени граѓани од пограничните региони, кои се сметаа за безбедносно – ризични, утрово се префрлени на безбедна локација во Тел Авив, од каде ќе се работи на нивно заминување од Израел.

реклама

За жал, неколку од летовите за кои веќе беше обезбедено место дел од нашите државјани да го напуштат Израел во текот на вчерашниот ден беа откажани, па активностите за нивно приклучување во некои од денешните летови продолжува денеска. Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив е во постојана комуникација со сите нашите државјани во Израел и во координација со кризниот штаб во Министерството за надворешни. Точната бројка на наши државјани кои се пријавиле за асистенција за нивно заминување од Израел постојано се менува, но во моментов, таа не надминува 100 наши државјани.

Во меѓувреме, апелираме до нашите државјани во Израел да го следат Националниот портал за итни случаеви (www.oref.org.il), односно тн. Home Front Command, специјализиран за цивилна заштита, кој излезе со нови препораки до населението, како и да се почитуваат сите други упатства на надлежните институции на Израел.

реклама

Потсетуваме дека Министерството за надворешни работи на Северна Македонија на располагање ги има и двата СОС дежурни телефони – 075/ 273- 732 и 075/268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првиот авион со „напредна американска муниција“ пристигна во Израел

Следно

Владата на ДУИ и СДСМ е единствената од регионот која не прати авион за своите граѓани во Израел

Latest from Blog

Зошто шефот на ЦИА итно отиде во Москва? ИНФОРМАЦИИ ЗА ОПАСНИОТ ПЛАН НА ПУТИН

Станува сè појасно зошто директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, во вторникот брзо отпатува во Москва. Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен командант на британските сили за хемиско, биолошко, радиолошко и нуклеарно оружје, во анализа

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа
Go toTop