Првиот авион со „напредна американска муниција“ пристигна во Израел

October 11, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Израел во вторникот го соопшти пристигнувањето на првиот транспортен авион со „напредна американска муниција“, пренесува Анадолу.

Според веста што ја објави „Jerusalem Post“, израелската војска објавила соопштение во врска американската воена помош.

„Првиот авион со американска муниција слета во Израел откако САД соопштија дека ќе испратат нови резерви на противвоздушна одбрана, муниција и друга безбедносна помош до својот сојузник за да се борат против палестинските милитанти на Хамас“, се вели во соопштението.

Армијата соопшти дека „муницијата е дизајнирана да нанесе значителни удари“, додавајќи дека е во „подготовка за дополнителни сценарија“.

Израелската армија изрази благодарност „за американската поддршка и помош на израелските одбранбени сили особено и на државата Израел воопшто, во овој предизвикувачки период“.

Ситуацијата ескалираше во Појасот Газа по нападите на палестинската група Хамас. Израел возврати со воздушни напади и ја стави енклавата под целосна блокада.

Исто така, го прекина снабдувањето со вода и електрична енергија на Газа, со што се влоши и онака лошата хуманитарна ситуација.

Во насилствата загинаа најмалку 2.100 луѓе, од кои 900 Палестинци и 1.200 Израелци.

Појасот Газа кој е дом на речиси 2,2 милиони луѓе, од 2007 година е под израелска блокада.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Честитка од Џафери по повод 11 Октомври: Секогаш во одбрана на стабилната и сигурна иднина за идните поколенија

Следно

МНР: Уште 9 наши државјани го напуштија Израел

Latest from Blog

Зошто шефот на ЦИА итно отиде во Москва? ИНФОРМАЦИИ ЗА ОПАСНИОТ ПЛАН НА ПУТИН

Станува сè појасно зошто директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, во вторникот брзо отпатува во Москва. Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен командант на британските сили за хемиско, биолошко, радиолошко и нуклеарно оружје, во анализа

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа
Go toTop