МНР: Нема информации за настрадани македонски граѓани во поплавите во Шпанија

October 30, 2024
1 min read

Mакедонската амбасада во Мадрид тековно ја следи состојбата со поплавите кои го зафатија градот Валенсија во Шпанија каде загинаа повеќе од 64 луѓе, велат за Рацин.мк од Министерството за надворешни работи.

-Во редовна комуникација сме со локалните власти, до овој момент, нема информации за настрадани наши сограѓани во поплавите. Ги повикуваме сите македонски граѓани кои се наоѓаат во Валенсија или регионот на Валенсија, доколку имаат потреба од поддршка, да ја контактираат македонската амбасада во Мадрид на следните броеви: +34915717298 или преку е-маил: [email protected], [email protected]., велат до МНР.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку својот Твитер профил упати порака за сочувство до шпанската влада и до министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Албарез.

Најмалку 64 лица загинаа во регионот на Валенсија во поплавите по поројните дождови кои во вторникот ги оставија патиштата и градовите под вода – соопштија локалните власти.

Десетици видеа споделени во текот на ноќта на социјалните мрежи покажуваат луѓе заробени од надојдените води, од кои некои се качувале на дрвја за да се спасат – објави „Ројтерс“.

Карлос Мазон, регионалниот шеф на Валенсија, на прес-конференција рече дека некои луѓе останале изолирани на непристапни места.

С.Т.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Извештај на ЕК за напредокот на Македонија: Пофалби за политичката посветеност и меѓуетничките односи, критики за кривичниот законик на СДСМ/ДУИ и администрацијата

Следно

Со 70 гласа „За“: Собранието усвои Национална развојна стратегија 2024-2044

Latest from Blog

Аријана Гранде освои 3 статуетки на ВМА, на церемонијата се појави во четири изданија (ФОТО)

Во текот на вечерта, таа доминираше во дури четири внимателно одбрани модни комбинации кои го потврдија нејзиниот статус на модна икона. Доделувањето на наградите, одржано на 7 септември во UBS Arena во

Заборавете ги стандардните маски за телефони, ВАШИОТ ТЕЛЕФОН ОЧЕКУВА ДА БИДЕ МОДЕРЕН И ОРИГИНАЛЕН

Познатиот бренд издаде футроли за телефони кои се копија на нивните најпопуларни влечки, а младите од целиот свет полудеа по нив. Замислете да ги имате Крокс на дофат на раката, буквално. Токму

Уапсен e игумен во Грција додека се обидувал да продаде византиски реликвии за 200.000 евра

Игуменот на грчкиот манастир Успение на Пресвета Богородица на Пелопонез и неговиот помошник биле уапсени додека се обидувале да продадат десетина византиски икони и две евангелија за 200.000 евра, објавија грчките медиуми,

Започна увидот во опожарената фабрика во Виница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката “Макпрогрес-Винчини” во Виница. Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини

Гаши: Само со сплотеност и заедничка посветеност можеме да ја реализираме визијата за посветла иднина на нашата држава и за идните генерации

2 Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до сите граѓани по повод 34-годишнината од осамостојувањето на државата. Во честиката Гаши повикува на обединување околу вредностите на сплотеност и посветеноста за исполнување
Go toTop