ММЕ кој ја сруши браната Каховка

June 6, 2023
1 min read

Јужната команда на украинската војска тврди дека руските сили ја кренале браната во воздух, додека руските власти во Ново Каховка тврдат дека е терористички напад од украинска страна.

Браната висока 30 метри и широка стотици метри е изградена во 1956 од Советите како дел од Каховка хидроелектраната. Резервоарот на браната држи некои си 18  километри кубни вода.

Каховка е главен извор на вода за цел Крим, како и за потребите на нуклеарната централа Запорожје, инаку најголема во Европа, ја снабдува и истоимената хидроцентрала која е една од најважните точки за украинската електрична мрежа, а од нејзе се полни и системот канали кој полива голем дел од земјоделските површини во јужна Украина.

Веднаш по рушењето на браната првиот човек на регионот Херсон ги повика жителите веднаш да почнат со евакуација бидејќи во рок од 5 часа водата ќе достигне критични нивоа.

Русите ја освоија браната уште во февруари 2022, а и покрај обвинувањата од Зеленски дека имаат поставено експлозиви на нејзе, таа остана употреблива и за време на есенската офанзива кога руските сили беа приморани да се повлечат назад преку Днепар.

Во мај украинската страна обвини дека Русите намерно испуштаат поголеми количини вода за да ги поплават околните села кои се низводно од браната. Руски функционери за енергетика пак тврдеа дека постои ризик за уништување на браната од рекордните врнежи на дожд годинава заради што мораат да испуштаат вода.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таткото на Меси: Не верувам дека Лео ќе се врати во Барса

Следно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Ветингот влегува во Собрание – мнозинството ентузијастично, опозицијата скептична, експертите критични

Latest from Blog

Ердоган до Руте: Турција работи на обновување на преговорите меѓу Русија и Украина

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави пред генералниот секретар на НАТО Марк Руте дека Анкара вложува напори за обновување на преговорите меѓу Русија и Украина и оти очекува Алијансата да преземе поголема

Герасимовски: Kога ги носам децата на училиште, прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор

Срам ми е кога ги носам децата на училиште, кога прескокнуваме преку ѓубре за да стигнеме до училишниот двор, рече Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар, во вечерашната дебата во „Топ тема“
Go toTop