Млада девојка почина ноќеска во Tетовската болница

August 11, 2025
1 min read

Млада девојка го загуби животот во раните утрински часови во Тетовската болница. Првичните сомневања се дека таа примала терапија во приватни болници пред да биде примена во јавната болница.

Според медицинскиот персонал од Болницата, починатата била примена во итната помош на Тетовската болница околу 03:00 часот наутро, во тешка состојба. По приемот, таа била префрлена на Инфективното одделение, каде што починала.

 

Тетовската болница го потврди случајот, нагласувајќи дека точната причина за смртта ќе се утврди по обдукцијата.

Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка во Инфективното одделение во Општата болница во Тетово.

„Јавноста ќе биде навремено известена по завршувањето на постапката за утврдување на фактичката состојба. Министерството за здравство останува посветено на транспарентноста, одговорноста и обезбедување на квалитетна здравствена заштита за сите граѓани“, се вели во соопштението од МЗ.

МВР претходно информираше дека денеска во 03:20 часот во СВР Тетово, Ј.С. од село Копанце, тетовско, пријавил дека на Инфективно одделение во Клиничка болница Тетово била хоспитализирана С.С. (30) од с.Копанце, член од неговото семејство и набргу починала.

„Според пријавеното, таа била примена на болничко лекување, претходниот ден во 19.00 часот и наводно, според негово кажување, не ѝ била укажана соодветна лекарска помош, по што починала. Полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото и по однос на пријавата бил формиран тим за испитување на настанот, кој ќе го води дежурен јавен обвинител во содејство со екипа од СВР Тетово“, се вели во соопштението од МВР.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повреда причина зошто Ѓоковиќ го пропушти Мастерсот во Торонто

Следно

Активни четири пожари, изгаснати шест

Latest from Blog

Џенифер Гарнер прв пат јавно проговори за разводот од Бен Афлек

Иако се разделија во 2015 година, а разводот беше финализиран во 2018 година, нивната приказна продолжува да ја интригира јавноста, пишува списанието Hello!. Најтешкиот удар не беше медиумскиот притисок Во интервју за

Масовни протести низ Иран, исклучен интернетот во земјата – Трамп се закани на режимот

Масовни антивладини протести се одржуваат низ целиот Иран вечерва, вклучително и во главниот град Техеран. Ова е 12-та ноќ по ред како демонстрантите излегуваат на улиците, во бран немири предизвикани од тешката
Go toTop