Мицотсакис: Верувам дека постојат два пола – машки и женски

January 22, 2025
1 min read

Верувам дека постојат два пола, машки и женски, ова е мое лично мислење, ова го налага биологијата, рече меѓу другото, премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на панел-дискусија со поранешниот премиер на Италија Енрико Лета во организација на Грчко-американската трговска комора, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за новиот американски претседател Доналд Трамп и односите на Грција со САД рече дека се одлични и дека „никогаш не биле подобри од последните пет години“, објаснувајќи дека двете земји имаат потпишано сеопфатен договор за безбедност и одбрана.

– Нашиот однос во голема мера ги надминува одбраната и безбедноста. Видовме зголемен интерес од американските технолошки компании за инвестирање во Грција. Секако, традиционално имаме многу силни културни и образовни врски. Гледаме голем интерес од американските образовни институции да дојдат и да соработуваат со нашите јавни универзитети. Тоа е многу силна и, верувам, трајна врска, истакна Мицотакис.

За изјавите на Трамп и за евро-атлантските односи рече дека е важно да се остави да се разјасни позицијата и да се види дали нешто од тоа претставува повторување на одредени предизборни ветувања и да се види точно каква ќе биде политиката на САД кон Европа.

– Европа со оваа нова реалност, верувам дека се соочува многу посвесно и геополитички многу позрело. Но, треба да истакнам дека претседателот Трамп излезе со слични изјави во 2016 година. Беше избегнато најлошото, барем во однос на големата трговска војна меѓу Европа и САД, рече Мицотакис изразувајќи надеж дека и овој пат ќе биде исто.

За улогата на Грција во Европа, грчкиот премиер посочи дека веќе е минато времето кога „Грција важеше за земја која само се занимава со сопствените проблеми и ја оптоварува Европската унија со своите внатрешни неуспеси“, а сега, целта на Владата е „да игра значајна и конструктивна улога во пошироката европска дебата“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп најавува царини за ЕУ, планира царини од 10 отсто за Кина од 1 февруари

Следно

Тошковски: Се собираат дополнителни докази за бегството на Артан Груби

Latest from Blog

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop