Мицотакис: Време е за големи одлуки за Европската Унија

March 6, 2025
1 min read

Дојде времето за големи одлуки за Европската Унија, истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис при пристигнувањето на вонредниот Европскиот совет во Брисел, паралелно изрази задоволство бидејќи, како што нагласи и Грција и тој лично се борел „за да можат ги убедат европските институции дека тоа што почнува денес требаше одамна да се случи“, а во однос на Украина посочи дека и САД треба да бидат дел од безбедносните гаранции, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакна дека сака особено да ги поздрави „предлозите за дополнителна буџетска флексибилност, така што земјите-членки кои веќе трошат повеќе од два отсто од својот БДП на одбраната можат да продолжат да го прават тоа“.

– Многу е важно оваа буџетска флексибилност да се однесува на сите земји-членки на Европската унија, да се охрабрат оние кои трошат малку да трошат повеќе, да се наградат оние кои веќе трошат повеќе и евентуално да им се дозволи да трошат уште повеќе на заедничката европска одбрана, рече грчкиот премиер.

Додаде дека исто така е многу важно што се создаваат нови финансиски инструменти од нераспределените ресурси на Фондот за закрепнување и тоа, како што рече „е цврста грчка позиција“.

– Во критичните времиња во кои живееме, стратешката автономија на Европската унија мора да биде приоритет за кој не може да се преговара, порача Мицотакис.

За Украина, повтори дека во напорите за „постигнување праведно и одржливо решение, во никој случај не треба да ги напуштиме напорите да ги вклучиме Соединетите Американски држави“.

– Важно е да можеме да ѝ обезбедиме на Украина безбедносни гаранции за иднината, а САД исто така треба да учествуваат во оваа формација за безбедносни гаранции. И треба континуирани да се бориме за да ги убедиме Соединетите Држави дека на крајот, тоа е и во нивен интерес, порача Мицотакис.

Грчкиот премиер, како што брифираа владини извори, непосредно пред Самитот на лидерите на ЕПП во Брисел и пред Европскиот совет имал куса тет-а-тет средба со лидерот на ЦДУ и следниот германски канцелар Фридрих Мерц.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Експресно се одложија рочиштата за судските процеси за незаконското назначување директори во струшките училишта

Следно

Спасување на патници од жичарница: Показна вежба на специјалните единици (ВИДЕО)

Latest from Blog

АНЃЕЛКОСКИ: 34 години не сме мрднале. Како да не…

Минатонеделната колумна „Амар си удри шамар“ повторно на нож ја дочекаа читачите на наслови, кои од друга литература, читаат само упатство за користење влажни марамчиња, ако го заборавиле мобилниот таму каде што

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop