Експресно се одложија рочиштата за судските процеси за незаконското назначување директори во струшките училишта

March 6, 2025
1 min read

Со полициска асистенција ќе се носат сведоците на следните рочипта во судските процеси за незаконското назначување директори во струшките училишта од страна на градоначалникот Рамиз Мерко откако денеска ниту еден од повиканите не се појави во судницата, па рочиштата за училиштата во Подгорци, Лабуништа и Радолишта експресно се одложија. Навеле причини за отсуството кои за судот се неоправдани , имале куќна слава или им почнала градежната сезона рече судијата.

 

На судењето за училиштето” Браќа Миладиновци” од Струга Мерко истакна дека не се чуствува виновен, а директорката Албана Жута пак тврдеше дека била именувана од страна на Министерството за образование на таа функција иако според записникот на државниот просветен инспекторат била поставена спротивно на законот ,не била од редот на вработените како што налага законот, ниту имала положен испит за директор, ниту сертификат за познавање на англиски јазик.

Судската постапка за училиштето во Велешта каде има повеќе обвинети кои се товарат за „Несовесно работење во службата“, а дел од нив се гонат и за кривичното дело „Фалсификување исправи“, се одложи поради здравствени причини на бранителот на обвинетата Егзона Шеи, која се сомничи дека ја фалсификувала дипломата.

Против Мерко досега се поднесени вкупно девет обвиненија а во секоја му се заканува затворска казна.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркијe: Мирот и стабилноста во Босна и Херцеговина се можни „со здрав разум и воздржаност“

Следно

Мицотакис: Време е за големи одлуки за Европската Унија

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop