Мицотакис: Во моментов не се исполнети неопходните предуслови за учество на Турција во програмата САФЕ

October 24, 2025
1 min read

 Ставот дека Турција во овој момент не ги исполнува предусловите за учество во програмата САФЕ на ЕУ за финансирање на одбранбени проекти, го повтори грчкиот премиер Киријакос Мицотакис доцна синоќа на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот на ЕУ во Брисел и уште еднаш објасни дека Грција нема да ја промени позицијата сè додека соседната инсистира на „casus belli“, односно заканата за војна.

Мицотакис објасни дека соодветниот член од регулативата предвидува договор на трета земја со Европската Унија за таа земја да може во принцип да се приклучи на програмата САФЕ.

– Грција има разјаснето дека во моментов не се исполнети потребните услови за учество на Турција во САФЕ. Нема потреба да го повторувам нашиот цврст став, дека сè додека Турција не го има решено „casus belli“ против Грција, сè додека се оспорува суверенитетот на грчките острови во Егејското море, очигледно не можеме да се согласиме на такво учество. Би сакал Турција да се предомисли за овие прашања, за да можеме и ние да влеземе во суштинска дискусија по ова прашање. Не предвидувам дека ова ќе се случи во блиска иднина, па затоа не се покренува некое прашање за учество на Турција во програмата САФЕ, истакна Мицотакис.

За европската одбрана објасни дека веќе се направени важни чекори кон спроведување на заедничката европска одбранбена политика, позитивно го оцени патоказот на Европската комисија во кој се вклучени „предлози за проекти што отсекогаш биле грчки приоритет“ и како пример го спомена противракетниот штит што го предложија заедно со полскиот премиер пред речиси две години.

– Исто така, многу важно е да се препознае дека секој европски одбранбен план мора да ги опфати сите европски граници, а не само источните, рече Мицотакис. /МИА.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неверојатни зборови на Јамал за Реал неколку дена пред „Ел Класико“

Следно

Припаднички на австралиската армија поднесоа тужба против Владата поради сексуално вознемирување

Latest from Blog

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на 324 килограми марихуана

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.

ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ – КЛУЧЕН ЧЕКОР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

ФЕРОИНВЕСТ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден, и да ги заштити нив од ниски цени и
Go toTop