Мицотакис среде кампања се зарази со корона – ќе биде активен на ТикТок

June 2, 2023
1 min read

Прегратките и бакнежите во кампања се многу пријатни, но понекогаш имаат и цена, вели лидерот на Нова демократија

Фото: EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

Преку видео објавено на Инстаграм, претседателот на Нова демократија и до неодамна премиер на Грција, Кирјакос Мицотакис, соопшти дека е позитивен на ковид-19 и следните денови ќе ги помине дома, а ја откажа и неговата посета на Света Гора планирана за викендов, јави дописничката на МИА од Атина.

„Прегратките и бакнежите во предизборниот период секогаш се многу пријатни, но понекогаш имаат и цена. Денеска се тестирав за ковид и сум позитивен“,

вели Мицотакис во видеото.

Објаснува дека посетата на Света Гора ќе остане за некој момент во иднината, но и оти ќе продолжи да објавува видеа на ТикТок.

Мицотакис се наоѓа среде кампања за парламентарните избори што треба да се одржат на 25 јуни 2023 година.

Ова ќе бидат втори избори за речиси еден месец откако по гласањето на 21 мај ниту една партија не успеа да освои доволно пратенички места за самостојно да формира влада.

Нова демократија на Мицотакис со над 40 отсто освоени гласови освои огромна предност од околу 20 отсто пред Сириза на Алексис Ципрас. Меѓутоа, не беше доволно за да може неговата партија да има мнозинство во 300-члениот парламент. Освои 146 пратенички мандати поради што не сакаше да прави коалиции и побара нови избори.

На 25 јуни Мицотакис би можел да дојде до посакуваното мнозинство и формирање еднопартиска влада, бидејќи овие избори ќе се спроведат според изборниот закон изгласан во 2020 година според кој ќе се примени мешаниот систем со засилена пропорционална застапеност, што значи и враќање на бонус пратеници за првата партија.

Бонусот нема да биде фиксен од 50 пратеници како претходно (пред да се укине), туку бројот ќе биде во зависност од освоените гласови и ќе се движи меѓу 20 и 50 дополнителни пратенички места.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Потпис на денот, Леао и официјално останува верен на Милан

Следно

Бензема се огласи во јавноста по веста дека се сели во Саудиска Арабија

Latest from Blog

Рама: Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, од Скопје каде што се одржува самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, нагласи дека никогаш не сме биле поблиску до ЕУ. Рама вели дека има позитивна

Плажата Оревче ја најави секојдневната програма за летото 2025, многу причини за пливање и танцување

Плажата Оревче ја најави секојдневната програма за летото 2025, многу причини за пливање и танцување, а сите што веќе биле на оваа плажа знаат колку е добро да се танцува на Оревче

Младите и евроскептицизмот: Над 40% со позитивен став кон ЕУ, но без верба во брза ЕУ интеграција на земјата

Резултатите од онлајн анкета спроведена на крајот на месец јуни 2025 година со учество на над 1.000 млади лица од земјава потврдуваат постоење на евроскептицизам помеѓу младите луѓе, различни очекувања за членството

Натпреварот помеѓу Јувентус и Реал вечерва може да биде прекинат!

Осминафиналниот дуел од Светското клупско првенство меѓу европските гиганти Реал Мадрид и Јувентус, закажан за вечерва во Мајами (21:00 по средноевропско време), би можел да биде одложен или прекинат поради најавеното невреме.
Go toTop