Мицотакис: Договорот од Преспа и ерга омнес името Северна Македонија беше основниот предуслов земјата да влезе во НАТО

June 6, 2024
1 min read

Договорот од Преспа и едното име Северна Македонија, ерга омнес, за сите, беше основниот предуслов Северна Македонија да влезе во НАТО, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за државната телевизија „ЕРТ“, посочи дека позицијата премиер е институционално тело, а не индивидуално, но и коментираше дека станува збор за „непотребна димензија што ги комплицира односите меѓу двете држави“, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека токму името „беше и причината што земјата толку години не влезе во НАТО“, а посочи и дека со новиот премиер „се чини дека за првпат ќе се најдат заедно на 75-годишнината од формирањето на Алијансата“.

-Сметам дека е несфатливо Северна Македонија дека може да дојде на своето прво учество со новото раководство и да го доведе во прашање Договорот од Преспа во однос на името, рече Мицотакис.

Во однос на неговиот став изразен вчера дека на НАТО Самитот, Мицкоски може да „се најде во непријатна позиција“, објасни дека тоа ќе се случи „ако продолжи да го кажува истото она што го кажува“.

-Кога некој е избран за премиер, не постои индивидуален статус на премиер. Премиерот е институционално тело. Говори претставувајќи ја неговата земја. Значи, не е замисливо да вели дека „индивидуално се идентификувам како Македонец и ќе ја користам оваа терминологија, но официјално името на мојата земја е Северна Македонија. Тоа не се сериозни работи. Ги очекувам официјалните изјави на премиерот, рече Мицотакис.

За евентуалната блокада на европскиот пат на земјата, грчкиот премиер објасни дека за него „не се работи толку за вето, туку за разбирање од Северна Македонија“, со која како што рече, и покрај нивната резервираност за Договорот од Преспа поради македонската националност и македонскиот јазик, „успеавме да изградиме и имаме добри односи и го поддржуваме патот кон Европа“.

– Не верувам дека Северна Македонија си мисли дека може да направи чекори кон Европа со отворање нов, непотребен фронт со Грција. Мислам дека ова што го кажувам е очигледно и се надевам дека ќе биде сфатено со апсолутна јасност во Скопје, бидејќи навистина е, би рекол, една непотребна димензија што ги комплицира односите меѓу двете држави, што навистина мислам дека не е од корист пред сè и над сè за самите граѓани на Северна Македонија, посочи Мицотакис.

Интервјуто на грчкиот премиер за „ЕРТ“ беше од Лориен, Франција, за време на неговата посета на објектот на „Naval Group“ и снимено на фрегата „Кимон“, што Грција се очекува да ја добие следната година.

Кај јужниот сосед денеска е претпоследниот ден од предизборната кампања во пресрет на евроизборите в недела.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претседателот на ПСЖ: Нема повеќе ѕвезди, тимот е на првото место

Следно

Судиите Исамедин Лимани и Александар Камбовски избрани за нови членови на Судскиот совет

Latest from Blog

Градежни работи на автопатот Кичево – Охрид, жителите се жалат: Немаме пристап до селото

Градежни работи на автопатот Кичево–Охрид предизвикуваат револт кај жителите на околните села. Жителите кои живеат во близина на делот каде што се изведуваат работите се жалат дека им се блокирани пристапите до

Тамара Котевска го започна снимањето на „Човек против јато“ во штипскиот крај

По успехот на документарецот „Медена земја“, номиниран за два Оскари во 2020 година, режисерката Тамара Котевска се впушти во својот прв долгометражен игрален проект „Човек против јато“, чија главна снимачка локација се

Повторно карамбол на Партизанска: тројца млади повредени, штета од 200 илјади денари

Тројца млади скопјани се здобија со телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи во петокот, 4 јули, околу 23:25 часот на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Лондонска“. Според информациите

Во турски Киркпинар се одржува 664-от Историски фестивал на пеливанство

СКОПЈЕ (АА) – Во турски Киркпинар, во северозападната област Едрене се одржува 664-то издание на Историскиот фестивал на пеливанството, јавува Анадолу. Традиционалниот натпревар започна вчера во Сарајичи, каде што 36 пеливани (борачи)

Израелски медиуми: Израел доби одговор од Хамас на предлогот за прекин на огнот, се дискутираат деталите

ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Израел го добил одговорот на Хамас на новиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, а во тек се разговори за деталите, објавија израелските медиуми доцна
Go toTop