Мицкоски се обрати во Атлантскиот совет во Вашингтон: Посветени сме на заштитата на националните интереси

February 20, 2025
1 min read

Премиерот на Реоублика Македонија, Христијан Мицкоски имаше свое обраќање во Атлантскиот совет во Вашингтон каде што говореше за иднината на трансатлантските односи и Западен Балкан, осврнувајќи се на односите со Грција, посебно со Бугарија и членствоto во ЕУ, за улогата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур како гарант на човековите права и владеењето на правото, нагласувајќи дека нашата држава ги почитува сите негови пресуди.

-Ова е нешто опипливо и наш најголем приоритет: борба против криминалците и политичарите вмешани во корупција.

Кога луѓето ме прашуваат: Што правите? Што можете да кажете за ова? Што точно правите во моментов? – мојот одговор е секогаш ист: ние се бориме против нив, и тоа одлучно.

Имаме одлични закони напишани на хартија, но проблемот е во нивната примена. А кој е одговорен за спроведувањето? Обвинителите и судиите. Како тие стануваат обвинители и судии? За жал, тие се назначени од оние кои самите станале политички криминалци.

Нашиот прв приоритет е да го смениме начинот на размислување на обвинителите и судиите, за да носат одлуки врз основа на законите и Уставот – а не според барањата на политичарите што ги избрале.

Постои извештај за евалуација подготвен од експерти на ЕУ кој содржи сè. Сè што треба да направиме е да го примениме, и второ, да осигураме дека самите остануваме надвор од корупција.

На пример, нашата влада е на власт речиси осум месеци, а досега нема ниту една пријава за криминал или корупција – што е реткост на Балканот. Дополнително, пред четири години ги освоивме локалните избори со убедлива победа, што беше од големо значење за нас. Нашите градоначалници сега ја водат својата четврта година од мандатот, и во целиот овој период, нема ниту една пријава за криминал или корупција против нив.

Со личен пример, испраќаме јасна порака: Стојте подалеку од криминал и корупција, рече Мицкоски ви своето обраќање.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИАКО ИМА РЕЛАТИВНО МАЛКУ ЗБОРУВАЧИ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК НЕ Е ЗАГРОЗЕН, 80 ГОДИНИ ЗАД НЕГО СТОИ ДРЖАВАТА И НАСТАВАТА, РЕЧЕ ДИРЕКТОРКАТА НА ИНСТИТУТОТ „КРСТЕ МИСИРКОВ“

Следно

Адем Хоџа по трет пат обезбеди пратеничко место во косовскиот Парламент

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се
Go toTop