ИАКО ИМА РЕЛАТИВНО МАЛКУ ЗБОРУВАЧИ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК НЕ Е ЗАГРОЗЕН, 80 ГОДИНИ ЗАД НЕГО СТОИ ДРЖАВАТА И НАСТАВАТА, РЕЧЕ ДИРЕКТОРКАТА НА ИНСТИТУТОТ „КРСТЕ МИСИРКОВ“

February 20, 2025
1 min read

Во услови на интензивна глобализација, на многу „мали” јазици им се заканува исчезнување. Иако сме релативно малку зборувачи, ние не го сметаме македонскиот јазик за загрозен, затоа што е кодифициран и 80 години зад него стои македонската држава преку наставата на македонски јазик, преку илјадниците уметнички дела и милионите објавени книги, вели директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, Елена Јованова-Грујовска. На денешното одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик 21 Февруари што се одржа во Институтот, Јованова-Грујовска рече дека  сепак, наша должност е будно да внимаваме на правилната употреба на стандардниот македонски јазик.

„Истовремено, да го поддржуваме стремежот за негување на мајчините јазици на нашите сограѓани и соседи. Почитувањето на различните култури и на различните јазици произлегува од многувековната борба за слобода и за признавање на македонскиот јазик заедно со македонската држава. Затоа почитувањето на сопствените корени, традиции и народната мудрост, мора да се преточи во завештание за идните генерации со порака за толеранција, прифаќање и респект кон различностите“,  рече директорката.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков рече дека мајчиниот јазик е повеќе од средство за комуникација, тој е темел на нашиот идентитет, чувар на културното наследство и мост кон идните поколенија.

„Преку мајчиниот јазик ја пренесуваме својата приказна на светот, го чуваме духот на народот и го обликуваме нашето место во историјата. Ниту едно друго наследство не е толку интимно и толку моќно како зборот што го носиме во срцата. Затоа, да не дозволиме никогаш да се замолкне. Да го зборуваме гордо, да го чуваме во срцата, да го пишуваме со љубов и почит. Како што еднаш нè учеше Петре М. Андреевски: ‘Овој јазик е нашиот завет. Со него се раѓаме и умираме’“, рече министерот.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се одбележува на 21 февруари секоја година и има за цел да ја промовира јазичната и културната разновидност и повеќејазичноста. Овој ден е прогласен од УНЕСКО во 1999 , во чест на четворицата студенти кои загинаа во Бангладеш во 1952, борејќи се за признавање на нивниот мајчин јазик, бенгалскиот.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шпанија за консултански и инженерски услуги даде милион евра грант за Охридското Езеро

Следно

Мицкоски се обрати во Атлантскиот совет во Вашингтон: Посветени сме на заштитата на националните интереси

Latest from Blog

Почна чистењето на скопската железничка станица: се отстрануваат билбордите и рекламите

Почна чистењето и средувањето на железничката станица во Скопје, информираше директорот на Железница Инфраструктура, Синиша Ивановски. „Со цел враќање на автентичниот изглед на станицата, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами

ВЛЕН: Економскиот раст од 3,8% е доказ за успешната работа на министерот Дурмиши

ВЛЕН ја поздравува објавената стапка на раст на Бруто домашниот производ од 3,8 проценти во третото тримесечје, соопштена од Државниот завод за статистика, оценувајќи дека овој резултат е јасен показател дека економијата

Криптовалутата официјално станува личен имот во Велика Британија

Велика Британија донесе закон што би можел да го преобликува глобалниот пазар на дигитални средства. Со Кралската согласност на 2 декември, дигиталните средства како што се криптовалутите беа официјално признати како нова,

Какво време не очекува во текот на неделата?

Во текот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. -По одделни котлини
Go toTop