Адем Хоџа по трет пат обезбеди пратеничко место во косовскиот Парламент

February 20, 2025
1 min read

Во новиот состав на косовскиот парламент, место обезбеди и партијата „Единствена горанска партија“ што е едно од 10-те загарантирани пратенички места за малцинствата, покрај 10-те загарантирани за српското малцинство.

Во 120-члениот законодавен дом ќе биде лидерот на партијата Адем Хоџа, дипломиран инженер, кому ова му е трет последователен мандат. Во изјава за МИА, Хоџа вели дека ќе ги промовира културните вредности и обичаи, како и активно ќе работи на формирање на општина Гора во согласност со Уставот и законите на Косово.

– Чест ми е што ќе ги претставувам моите Горанци во косовскиот парламент, но во исто време е голема обврска која ќе се трудам, како и до сега, максимално доследно да ја обавувам. Секако главна моја задача во име на сите е подобрување на условите за живеење во областа Гора, зачувување и активно промовирање на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Косово, изјави Хоџа за МИА.

Од партијата не го кријат задоволството од добиената поддршка, на целата територија на Косово, а не само во подрачјето на Гора. Велат дека ќе продолжат со нивните залагања за унапредување на правата, но и подобрување на условите за живот во селата на Гора за да се стопира миграцијата на младите.

Во оваа област распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои говорат македонски јазик.

Парламентарните избори на Косово, деветти од прогласувањето на независноста на земјата, а први кои беа спроведени во редовен термин, се одржаа на 9-ти овој месец. Меѓу 28-те изборни листи имаше 20 политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски се обрати во Атлантскиот совет во Вашингтон: Посветени сме на заштитата на националните интереси

Следно

Ордановски ја нападна владата на САД: Трамп е лажго, Џеј Ди Венс е на раб на неонацизам, а Маск е расист

Latest from Blog

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено
Go toTop