Мицкоски: Проект за 250 евра ваучер за таблети за сите студенти и до 10.000 евра за бизнис за млади

October 7, 2024
1 min read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше мега проекти за младите.

-ВМРО-ДПМНЕ го прави тоа за младите кои се сила, иднина и нашата надеж, нешто во што мора да се инвестира. ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија ќе реализира низа на мега проекти.  Прво, ќе поддржи со новиот буџет кој е во изработка, ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди за сите, за сите студенти во Македонија, за сите до еден, истакна Мицкоски.

Второ, ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со новиот буџет, во зависност од бизнисот и планот.

-Посебна комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта. Ќе има реален надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредноста ќе биде од 1000 евра до 30 илјади евра за проект. ВМРО-ДПМНЕ верува во младите и во нивниот потенцијал затоа презема вакви мерки. Ова ќе помогне во развивање на државата“, рече Мицкоски на вчерашната Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Идејата дека Македонија е жива преживеала во сите премрежја!

Македонија е жива и затоа ние инвестираме во нејзината иднината, а тоа се младите!

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Српскиот премиер во посета на земјава

Следно

ВМРО-ДПМНЕ призна дека во Скопје војуваат разулавени банди

Latest from Blog

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се
Go toTop