Мицкоски очекува тендерот за автобуси за јавниот градски превоз да се распише до крајот на годината

November 25, 2024
2 mins read

Електричните автобуси за јавниот градски превиз ќе се набавуваат на тендер кој се очекува да се распише до крајот на годината, техничката документација се подготвува, заинтересираните компании ќе можат да се пријават, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставување на камен темелник за изградба на детска градинка во рамки на постојната ЈДГ „8 Март“ во Општина Кисела Вода.

Мицкоски истакна дека набавката на автобусите ќе придонесе за намалување на аерозагадувањето и ќе го подобри имиџот на државата.

Како што рече, ќе се набават меѓу 100 и 120 автобуси, од кои најголем дел ќе завршат во Скопје, но и другите општини ширум државава кои имаат организиран јавен градски превоз, затоа што, посочи, би било нефер и нечесно сето тоа да заврши во Скопје, бидејќи другите општини имаат исто така организиран јавен градски превоз.

– Да речеме ако набавиме 120 тоа би одело во пропорција можеби 70/ 50, 80/40 станува збор за електрични автобуси, еколошки заедно до 50 места за полнење односно полначи и со сета таа арматура којашто е потребна за сите овие автобуси да се полнат, изјави премиерот.

Во однос на техничките спецификации, рече дека времетраењето на полнењето ќе биде околу два и пол часа што ќе биде доволно за 350 и 400 километри да сообраќајат на дневно ниво.

– Мислам дека кога тие ќе се појават на улиците ширум градовите и за државата мислам дека драматично и загадувањето ќе влијаат да се намали во она мера во којашто тие можат и навистина ќе значи добар имиџ за нас како држава дека ние во Македонија еве конечно имаме електрични автобуси кои сообраќаат по конкурентни цени, затоа што можеби имало во минатото, но знаете тие беа проследени со многу сомнежи за криминал и корупција, рече премиерот.

Надлежните ги утврдуваат условите, се подготвува техничката документација, се скенира пазарот, електричните автобуси ќе се набавуваат на тендер, рокот за плаќање ќе биде на осумполугодишни рати или за четири години.

– Тендер ќе биде, ги дефинираме условите, го скенираме пазарот гледаме каде има, колку заинтересирани има. И сите оние коишто ценат дека ќе треба да се пријават, нека се пријават, ќе ги дефинираме и условите на плаќање. Условите на плаќање ќе бидат такви да почнеме да ги отплаќаме некаде во првата половина од 2028 на осум полугодишни рати, што ќе е во период од четири години или период од три години грејс период, така што мислам дека ќе биде добро. Го подготвуваме, техничката документација, очекувам до крајот на годината да се распише, кажа Мицкоски.

Во однос на сегашната состојба со автобускиот превоз во Скопје и обвинувањата од градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска за политички опструкции, одговорајќи на новинарски прашања премиерот Христијан Мицкоски рече дека Владата интервенирала откако градот не успеал сам да најде решение за акутниот проблем. Преку Бирото за јавни набавки краткорочно е решен проблемот со 250.000 тони нафта кои како што посочи премиерот ќе бидат доволни за извесен период, градот ќе треба трајно да го реши проблемот.

– Обид наместо да се сработи нешто, да се префрли вината на друго место. Ние како влада откако увидовме дека е сериозен проблемот и дека градот не може да изнајде решение одлучивме да ги замолиме граѓаните преку нафтените резерви да интервенираат, да позајмат на градот, односно на јавното сообраќајно претпријатие 250.000 тони и тоа го направивме уште истиот ден и веќе другиот ден се нормализираше состојбата. Од друга страна, во еден телефонски разговор со градоначалничката ја замолив, преку претпријетието да достави до бирото за јавни набавки барање, соодветно како што треба по закон, по процедура по којашто ќе бара скратена постапка по пат на преговарање. Бирото за јавни набавки откако го увиде барањето го анализира, констатира дека согласно закон итн. одговори позитивно уште во четвртокот така што веќе денеска би требало таа процедура да ја почнат бидејќи 250.000 тони ќе бидат доволни за десет дена две недели, сепак ќе треба трајно да си го решат проблемот. Е сега, прашањето е зошто е толкав долгот акумулиран, зошто била толкава висока цената итн. итн. тоа е веќе друго прашање мислам дека по налог на обвинителството ако не се лажам, финансиската полиција веќе го истражува тоа, нагласи премиерот.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ФЗО алармира: Не кликнувајте на линкови од лажни пораки за рефундација

Следно

Кремљ ја обвинува администрацијата на Бајден за попречување на обидите на Трамп да стави крај на војната во Украина

Latest from Blog

Антонели казнет за судирот со Верстапен

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, беше казнет со три места на стартната линија во Силверстоун поради судирот со Макс Верстапен денес. Италијанскиот пилот на Мерцедес го удри Макс во првиот круг

Илјадници луѓе протестираат пред Палатата на правдата во Белград

Протест се одржува доцна попладнево во Белград пред Високото јавно обвинителство (ВЈТ) поради апсење студенти. Сообраќајот е блокиран и во близина на Автокоманда, и населбите Земун и Вождовац и попречено е одвивањето

Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со Борусија Дортмунд

Крилниот напаѓач Џејми Бејну-Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со сегашниот клуб Борусија Дортмунд. Бундеслигашот ја потврди веста од нивниот камп во Флорида. Тој ќе им се

Тешка сообраќајна несреќа во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Во сообраќајка во која учествувале камион управуван од Македонец и автомобил со четиричлено семејство од Грција, возачот на автомобилот починал на самото место, а неговиот син подоцна им подлегнал на повредите. Мајката
Go toTop