Мицкоски: Немам информации за средба со Радев во Будимпешта, но сум подготвен да седнам и да разговарам

October 12, 2024
1 min read

Во однос на најавите кои проструија во јавноста дека унгарскиот премиер Орбан на 7 ноември во Будимпешта има намера да ги седне на заедничка маса македонскиот премиер и бугарскиот претседател Радев, Мицкоски истакна дека таква информација нема, ниту е закажaна таква средба.

– Јас немам таква информација, ниту знам за таква средба, но доколку постои иницијатива за таква средба и на 7 ноември и на 17 октомври и на 27 октомври, јас сум подготвен да седнам и да разговарам. Не мора да биде тоа Будимпешта, може да биде било каде да седнеме да разговараме да најдеме решение кое ќе биде решение на долг рок и кое ќе гарантира Копенхашки критериуми, ќе гарантира права, ќе гарантира успех во процесот на преговори, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски во контекст на малцинските права, бара еднакво почитување на Македонците во Бугарија, онака како што се бара од Софија, почит кон правата на Бугарите во Македонија. Повтори дека не прифаќа диктати.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Полскиот премиер предложи реформи во ЕУ за азил, повика на суспензија на правото за азил

Следно

Тошковски најави засилување на видео-надзорот и присуството на полициски службеници откако двајца првооделенци се обиделе да силуваат соученик

Latest from Blog

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото

Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија

Торба, во која имало експлозивна направа со далечински управувач била оставена во близина на влезот на хотелот, до градската гимназија, предизвикувајќи паника кај граѓаните и туристите во областа. По дојавата, полицијата веднаш

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Колумбија денес беше погодена од земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13 километри, додека на површината бил најблиску

Ангелов: Ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека околу 2:30 часот по полноќ добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму. -Се гледаа одредени пламени јазици, но
Go toTop