Мицкоски: Корупцијата во владата на ДУИ поддржана од СДСМ има епидемични големини, од 2015 до сега состојбата е двојно влошена

February 19, 2023
1 min read

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека корупцијата во владата на ДУИ поддржана од СДСМ има епидемични големини, од 2015 до сега состојбата е двојно влошена.

„Корупцијата и криминалците во политиката се најголемиот проблем во Македонија. Корупцијата и криминалот се причина за помалку пари во буџетот, помалку за образованието, здравството, земјоделците, младите, пензионерите, помалку странски и домашни инвеститори, а повеќе иселување, помалку за спортот и културата, а повеќе за нови хациенди на корумпирани политичари во Македонија. Корупцијата и криминалот во владата на ДУИ подржана од СДСМ има епидемични големини.

World Justice Project (WJP) еднаш годишно објавува табела за индикаторот кој прави квантитативна анализа на корупцијата во светот.

Македонија во 2015 година била на 38 место (слика 1), а во 2022 година е на 73 место (слика 2). Речиси за двојно е влошена состојбата со корупцијата.

Имаме план, знаеме како да се бориме против корупцијата и криминалците во политиката. Потребни се избори за да може Македонија да тргне напред“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бајден доаѓа во Европа во пресрет на годишнината од руската агресија врз Украина

Следно

Дисциплинската комисија во Германија отвори истрага против Нагелсман

Latest from Blog

Албанската полиција во мај уапсила 625 криминалци и запленила 415 илјади евра

Албанската државна полиција објави дека само во текот на месец мај биле финализирани 99 полициски операции, од кои 34 од меѓународен карактер. „Уапсени се 625 лица осомничени за кривични дела, додека запленети

ЦУК и АРМ во координирана спасувачка акција кај Ливадичко Езеро – извлечено лице кое паднало во бездна

Денес, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), г. Мухамет Али, заедно со раководителката на Подрачното одделение на ЦУК – Тетово, Арлинда Муареми, од лице место ја следеше спасувачката акција за

„Македонија се оддалечува од ЕУ“, вели Јотова

Македонија се оддалечува од патот кон Европската унија, оцени бугарската потпретседателка Илијана Јотова, реагирајќи на последните случувања во Европскиот парламент поврзани со извештајот за напредокот на земјава. Таа ги оцени како „скандалозни“
Go toTop