„Македонија се оддалечува од ЕУ“, вели Јотова

June 8, 2025
1 min read

Македонија се оддалечува од патот кон Европската унија, оцени бугарската потпретседателка Илијана Јотова, реагирајќи на последните случувања во Европскиот парламент поврзани со извештајот за напредокот на земјава. Таа ги оцени како „скандалозни“ случувањата околу известувачот за Македонија, европратеникот Томас Вајц, кој беше обвинет од страна на 17 бугарски европратеници дека бил под влијание на македонската страна.

– Потребна е истрага, и ако се докаже дека постои влијание, мора да има последици. Стравувам дека довербата во известувачот е нарушена и сметам дека треба да биде сменет – изјави Јотова.

Таа го повтори ставот дека С. Македонија испраќа лоши пораки, со, како што рече, „континуирано неказнување на говорот на омраза“ и „присвојување на бугарската историја“. Овие фактори, според неа, ја оддалечуваат земјата од европската перспектива.

Инаку, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент на 4 јуни го одложи гласањето за предлог-извештајот за Северна Македонија за 24 јуни, по предлог на Вајц.

Вајц изјави дека стои зад документот и истакна дека во преговорите и компромисите околу извештајот биле вклучени сите пратенички групи во ЕП, и покрај политичките притисоци.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гневот и револтот на родителите на загинатите во Кочани биле со политичка заднина, тврди Владата

Следно

ЦУК и АРМ во координирана спасувачка акција кај Ливадичко Езеро – извлечено лице кое паднало во бездна

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop