Митревски во „Полиграф“: Треба да се работи многу повеќе на спречување на дезинформациите

January 30, 2024
1 min read

Пред неколку дена, Фондацијата Метаморфозис го објави истражувањето „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2023 година“. За резултатите на истражувањето во однос на довербата на публиката во медиумите и ситуацијата со дезинформациите, во „Полиграф“ разговараме со истражувачот Ѓорѓи Митревски.

Полиграф: Дали гледаме некоја голема разлика во довербата на медиумите или пак во ситуацијата на дезинформациите од 2022 со минатата година?

Митревски: Гледаме намалена доверба во сите медиуми и зголемена доверба во личните контакти. Граѓаните, иако секојдневно се информираат од медиумите, сепак довербата во медиумите е многу помала отколку минатата година.

Полиграф: Што покажа истражувањето за тоа кои се најголеми извори на дезинформации?

Митревски: Граѓаните сметаат дека дезинформациите доаѓаат од сите страни. Во голема мера ги наведуваат политичарите. Но, исто така, интересно е дека ги наведуваат службите и дипломатиите на странските држави и, во тој домен, не прават разлика дали станува збор за службите на Руската федерација, на Соединетите американски држави, Европската унија итн., што исто така е производ на дезинформациски наративи, според кои сите дипломатии се исти.

Полиграф: Ако останеме малку повеќе на медиумската писменост, според истражувањето, колку гледаме дека граѓаните се способни или пак знаат за медиумската писменост, и дали треба да работиме повеќе на тоа?

Митревски: Позитивно не изненадува секоја година истражувањето, и минатото истражување и ова, што граѓаните сметаат дека во голема мера се медиумски писмени и дека можат да препознаат дезинформации во медиумите. Секако дека треба да се продолжи да се работи на таа тема, на зголемување на медиумска писменост на граѓаните. Но, многу повеќе треба да се работи на адресирање на самите дезинформации, односно спречување или градење на еден систем кој ќе оневозможи ширење на дезинформации низ медиумската сфера.

Интервјуираше: Ера Ѓакова

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како да се открие карцином на бели дробови на време?

Следно

Големо количество воена опрема најде полицијата во дом во Грција

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop