МИТ прекинува со бајките за диверзитетот

1 min read

Технолошкиот институт на Масачусетс (МИТ) соопшти дека од кандидатите за факултет повеќе нема да се бара да даваат изјави за „различноста“ при аплицирање.

Пред промената, од кандидатите за МИТ се бараше „да објаснат како ќе ја подобрат посветеноста на универзитетот кон диверзитетот и инклузијата“.

Во меѓувреме, ваквите изјави беа вградени при запишувањето и вработувањето на многу елитни јавни и приватни универзитети, како и во корпоративниот свет.

Претседателката на МИТ, Сали Корнблут рече дека таквите изјави станале изнудени есеи што само фино звучат но не му помогнале на универзитетот да ја постигне својата цел за извонредност.

„Моите цели се да го искористам целосниот опсег на човечкиот талент, да го донесам најдоброто во МИТ  и да се осигураме дека тие ќе напредуваат овде“, рече Корнблут. „Можеме да изградиме инклузивна средина на многу начини, но принудните изјави ја нарушуваат слободата на изразување и не функционираат“.

Во еден конкретен случај Врховниот суд пресуди дека расните квоти при прием на факултет се неуставни, но оттогаш се водат дебати за тоа дали да се користат системи за бодови или други начини за фаворизирање на еден апликант пред друг базирани на бојата на нивната кожа, при што Врховниот суд некои пристапи поддржува а неко ги кине.

********

Види и:

Укинат е „Рамковниот“ за американските факултети

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

МВР со информации за регистрирани нерегулатности во предизборниот молк

Следно

Гринвуд трансфер цел на Барселона

Latest from Blog

Кој е Ебрахим Реиси?

Тврдокорниот ирански претседател Ебрахим Раиси долго време се сметаше за штитеник на иранскиот врховен лидер ајатолахот